Истражувањето за трошоците за зимско одржување на патиштата во земјава покажа дека ЈП за одржување на патиштата сè уште нема склучено договор со фирма за зимско одржување на патиштата низ земјава. За справување со снегот и мразот по патиштата и улиците, досега се склучени договори од 3,5 милиони евра. Оваа сума од 3,5 милиони евра допрва ќе расте бидејќи уште 13 тендери се во тек. Речиси и да нема конкуренција на тендерите за зимско одржување на кои просечно има по 1,4 понуди по тендер, а на 71 % од тендерите имало само по една понуда.
Базата на отворени податоци за склучените договори, за набавките во тек и за поништените тендери се наоѓа на овој линк.
