Препораките за подобрување на финансиските трансфери од владата за инфраструктурни проекти на општините

Потребно е поправично и поодржливо финансирање на локалната инфраструктура
30/04/2026253

Препораките произлегуваат од неодамнешното истражување на владините трансфери за инфраструктурни проекти во општините во пресрет на последните локални избори кое покажа слабости во планирањето, распределбата и јавните набавки за овие проекти. Оттука, се препорачува:

  • Да се ревидираат и да се засилат правилата за заштита на јавните ресурси во предизборните периоди, со воведување на поригорозни правила за трошење и за промовирање јавни проекти.
  • Изградбата и подобрувањето на локалната инфраструктура треба да се заснова врз предвидлива политика и стратешко, повеќегодишно планирање и трошење според среднорочна буџетска рамка – независно од изборните циклуси.
  • Повеќегодишните проекти треба да имаат обезбедено стабилно и обврзувачко финансирање, со цел намалување на ризиците за одолговлекување и незавршување на проектите и загрозување на финансискиот кредибилитет на општините.
  • Да се гарантираат еднаков пристап и правична распределба на средствата за сите општини и жители, земајќи ги предвид и индикаторите за регионална, развојна и социјална рамнотежа.

Повеќе за препораките може да прочитате на македонски, албански и англиски јазик

       

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Проектот „Фер трошење за фер избори: Следење на јавните набавки на општините во изборната година“ спроведуван од Центарот за граѓански комуникации. Овој проект е субгрант добиен во рамки на „ЕУ поддршка за Граѓански ресурсен центар – фаза 2” финансиран од Европската Унија. Содржината на соопштението е единствена одговорност на спроведувачот на проектот и не мора да ги одразува ставовите на Европската Унија и на Граѓанскиот ресурсен центар.