Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството

23.12.2025218

Истражувањето покажа дека во последната декада вредноста на јавните набавки во здравството е повеќе од двојно зголемена, додека бројот на фирми што добиле тендер пораснал за само 12 %, што укажува на концентрација на средствата кај ограничен број добавувачи. Со растот на вредноста на тендерите, уделот на десетте најголеми носители на договорите за јавни набавки се намалил од 62% во 2015 на 49% во 2024 година, што укажува на умерено намалување на концентрацијата.

Две компании – „Алкалоид Конс“ и „Д-р Пановски“, во последната деценија ја зацврстиле својата доминација во јавните набавки во здравството и сега контролираат една четвртина од вкупната вредност на тендерите во овој сектор. Нивниот удел се зголемува на третина, ако се анализираат само набавките на лекови, медицински потрошен материјал и  опрема.

Истражувањето може да го преземете на македонски, албански и англиски јазик

   

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Истражувањето е спроведено во рамките на проектот „Спречување на корупцијата во јавните набавки во здравството“, со финансиска поддршка на National Endowment for Democarcy (NED).