Proekt Korupcija - Даниела ТрпчевскаПратеникот Јани Макрадули минатата година беше жртва на странски фалсификатори на кредитни картички, кои од неговата сметка успеале да одземат околу 200 евра. Индонезиски фалсификатор преку фалсификувана „виза" картичка, од сметката на потпретседателот Макрадули успеал да симне околу 200 евра. Трансакцијата била направена на 8 септември, дента кога во Собранието Макрадули го славел Денот на независноста. По извесно време му пристигнало известување од Стопанска банка за потрошените пари. Макрадули се соменав дека неговата картичка веројатно била скимирана кога пред една година престојувал во Индонезија, или пак едноставно неговите податоци биле пробиени компјутерски и биле вметнати во бланко картица, која била употребена за купување во продавници. За среќа целата приказна завршила добро, бидејќи Стопанска банка, по три месеци му ги вратила парите, отоако била докаѓана злоупотребата. „По неколку месеци банката ми ги рефундираше средствата, откако се ѓалев и докаѓав дека во тој период кога е употребена картицата воопшто не сум бил во Индонезија“, вели Макрадули, кој е единствен кој јавно проговорил за злоупотребата на неговата кредитна картичка.Тој веројатно е една од многуте жртви на комјутерски криминал со скимирана картичка надвор од земјава. Пред две години во земјава беше откриен првиот случај на ваква измама, кога на банкомати во Трговскиот центар беа откриени скимери, направи за крадење на податоците од кредитните картички. Групата беше разбиена, и од тогаш велат во МВР, друг таков случај не бил реализиран.„Скимери во Скопје повеќе нема. По минатогодишната акција го сузбивме овој начин на крадење на податоци од граѓаните. Крадците се повеќе се одлучуваат на други начини на...





