Препораки за намалување на корупцијата во јавните набавки во здравствениот сектор

09.06.202610

Јавното здравство во земјава се соочува постојан и растечки јаз меѓу потрошените средства и испорачаните резултати. Во текот на изминатите десет години, трошоците во здравството преку јавните набавки значително пораснаа, но обемот на услугите, ефикасноста и отчетноста стагнираат или се намалуваат. Трите анализи што Центарот за граѓански комуникации ги изработи во текот на 2025 и 2026 година даваат детален и сеопфатен преглед за овие предизвици и откриваат низа слабости, ризици од корупција и евентуални злоупотреби (Јавното здравство троши сè повеќе, а дава сè помалку, Клучни „играчи“ и конкуренција во јавните набавки во здравството и Коруптивни шеми во здравствените набавки воочени преку жалбите во јавните набавки)

Темелејќи се на тие наоди, овој документ дава конкретни и практични препораки за мерки за намалување на ризиците од корупција и на злоупотребите во јавните набавки во здравствениот сектор.

Мерките  се фокусираат на неколку клучни области: подобрување на планирањето и проценката на потребите, регулирање на цените, зајакнување на конкуренцијата и пристапот до пазарот, подобрување на транспарентноста и одговорноста, засилена контрола, ревизија и надзор, градење на институционалните и човечките капацитети, и унапредување на правната заштита.

Препораките можете да го прочитате на македонски, албански и англиски јазик.

       

За повеќе информации, ве молиме, контактирајте го Центарот за граѓански комуникации на (02) 3213-513 или на center@ccc.org.mk.

Препораките се изработени во рамките на проектот „Спречување на корупцијата во јавните набавки во здравството“, што го спроведува Центарот за граѓански комуникации со финансиска поддршка на National Endowment for Democracy (NED).