ПочетнаКатегорија

Истражувања на јавните трошења

Истражување на набавките на училиштата со парите на родителите на учениците

Доцнењето на Министерството за образование и наука (МОН) да изготви подзаконски акти со кои ќе се регулира начинот на спроведување на набавките во воспитно-образовните институции, кои не подлежат на Законот за јавни набавки, им овозможува на училиштата да бидат нетранспарентни и неотчетни за начинот на трошење на парите од родителите.

Истражувања за влијанието на кризите во 2022 година врз граѓаните и политиките

Целта на овие истражувања беше да се детектираат областите што се најмногу погодени од енергетската и финансиската криза во 2022 година, односно сегментите каде што се направени најголемите кратења на буџетите (трошоците) за да можат да се покријат зголемените трошоци (плаќања) како резултат на кризите. Поконкретно, да се детектира како буџетските трошења на државата и на општините за 2022 год., кои се менуваа под влијание на економската криза (инфлација, стагнација и енергетска криза), се одразуваат...

Истражување на последиците од кризата во 2022 во Буџетот на РСМ

За покривање на растечките расходи од енергетската криза во 2022 година, Владата жртвуваше низа капитални објекти во вредност од најмалку 170 милиони евра, како што се: реновирање здравствени установи, купување медицинска опрема, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, како и проекти за унапредување на животната средина. Кога кон овој износ ќе се додадат и 50 милиони евра капитални проекти кои требало да се реализираат од...

Истражување на последиците од кризата во 2022 во буџетите на општините

Бројни патишта и улици, булевари, тротоари, плоштади, комунална инфраструктура, градинки и училишта, гасификации на општините – останале нереализирани во 2022 година бидејќи локалните власти, со ребалансите на буџетите, ги скратиле овие проекти од своите планови за капитални инвестиции, за сметка на поголемите трошоци за енергија во екот на енергетската и економската криза. Не се реализирале целосно ниту проектите што успеале да ги „преживеат“ ребалансите, бидејќи сепак останале само на хартија во ревидираните буџети. За време...

База на сите јавни набавки за КОВИД-19 во земјата (2020 – 2021)

Од почетокот на пандемијата во март 2020 година до крајот на 2021 година, во земјата се спровел 581 тендер за КОВИД-19, во вкупна вредност од 33 милиони евра.

Трошоци за новогодишни пакетчиња за 2022 година

За разлика од украсувањето на улиците кое главно беше откажано, продолжи практиката на институциите за купување новогодишни пакетчиња. За оваа намена се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена. Тендери за купување пакетчиња за новата 2022 година имале 20 институции, додека други 37 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавните набавки бидејќи вредноста на набавките била помала од илјада евра – колку што изнесува вредносниот праг под кој што не важи Законот за јавните набавки. Целото истражување прочитатјте го на следниот линк.

Анализа на одлуките на ДКСК за јавни набавки во втората половина на 2020 година

Предмет на анализата се одлуките кои Државната комисија за спречување на корупцијата ги донела по постапувањето во согласност со своите надлежности по предметите во врска со јавните набавки во втората половина од 2020 година. Јавните набавки се посочени како една од приоритетните хоризонтални области во борбата против корупцијата и судирот на интереси. Според достапните податоци од извештаите на Бирото за јавни набавки и отворените податоци на Електронскиот систем за јавни набавки, во изминатите три години...

Истражување на износите на паушалите на општинските советници

Анализата покажува дека само 12 општини не го исплатуваат максималниот месечен надомест што им го дозволува законот, а некои општини дури исплатуваат и поголем надомест од законскиот максимум

Анализа на одлуките на ДКСК за јавни набавки во првата половина на 2020 година

Анализата се осврнува на одлуките кои Државната комисија за спречување на корупцијата ги донела по постапувањето во согласност со своите надлежности по предметите во врска со јавните набавки во првата половина од 2020 година. Јавните набавки се посочени како една од приоритетните хоризонтални области во борбата против корупцијата и судирот на интереси. Според достапните податоци од извештаите на Бирото за јавни набавки и отворените податоци на Електронскиот систем за јавни набавки, во изминатите три години...

Транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки – 2019 година

Транспарентноста ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција.

Отсуството на надзор како генератор на корупцијата во државните претпријатија

Целта на овој документ е да направи проценка дали и во кој обем јавноста и надлежните институции ја следат работата на државните претпријатија во земјата. Притоа, фокусот ќе биде ставен на два значајни аспекти од надзорот.

База на податоци: Сите автомобили на Владата и општините

Министерствата и општините поседуваат вкупно 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност.

Транспарентност, отчетност и интегритет на институциите во јавните набавки – 2017 година

Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведување на јавните набавки.

Анализа на резултатите од истражувањето на финансиските трансфери од општините до невладините организации во 2016 година

Со ова истражување, за прв пат во Македонија, на едно место се претставени сумарни и поединечни податоци за средствата доделени од општините на невладините организации, листата на добитниците на проектите, како и транспарентноста на целиот процес од објавувањето оглас до реализацијата на проектите.

Мерки за стеснување на просторот за корупција во јавните претпријатија и установи во Р. Македонија

Менаџерите на јавните претпријатија и установи задолжително да се избираат преку јавен конкурс и според нивните стручни квалификации и компетентност.