Во овој број со гордост ви претставуваме ексклузивно интервју со професорката на Универзитетот Јеил и еден од водечките светски истражувачи на корупцијата, д-р Сјузан Роуз-Ејкерман.
Во овој број со гордост ви претставуваме ексклузивно интервју со професорката на Универзитетот Јеил и еден од водечките светски истражувачи на корупцијата, д-р Сјузан Роуз-Ејкерман.
Во овој број пренесуваме два слични примери за казнување на корупцијата во две земји на различни краишта од светот и со различни уредувања и убедувања. САД и Кина казнија видни граѓани поради вмешаност во корупција.
Имајќи ги предвид неколкуте срамежливи најави дека се подготвуваат измени на Законот за спречување на корупцијата, во овој број нудиме мислења на релевантни чинители од оваа област за можните насоки кон кои треба да се движат измените на законот.
Како тема на овој број, ви го претставуваме судирот на интереси, кој според својата природа не е корупција, но може да прерасне во неа доколку соодветно не се препознае, не се спречи и не се менаџира. Анализата нуди конкретни решенија и примери за справување со судирот на интереси.
Aмерикански истражувач открива поврзаност меѓу степенот на корупција во една земја со вербата на луѓето и во институциите и во луѓето.
Во фокусот на овој број се и јавните набавки. Годишното истражување на процесот на јавни набавки кај нас покажува дека сè уште постои сериозен простор за злоупотреба и неефикасно трошење на јавните пари.
Веќе пет години секојдневно работиме на намалување на просторот за корупција во Македонија и на промовирање на принципите на „доброто владеење“, на централно и на локално ниво.
Центарот за граѓански комуникации, од своето формирање во 2005 година до денес, останува посветен на заложбите за јакнење на улогата на медиумите како моќно оружје во борбата против корупцијата.
За да се обезбедат потребните податоци за изработка на индексот на овие пет производи (клима уреди, лаптоп-компјутери и ГПС уреди за возила), односно услуги (писмен превод и физичко обезбедување), ЦГК достави до институциите на национално и локално ниво 94 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.
Медиумите се моќно оружје во борбата против корупцијата насекаде низ светот. Тие имаат доминантно влијание во креирањето на перцепцијата за корупцијата во општеството и за односот на носителите на власта кон корупцијата – дали ја толерираат или се борат против неа.
Индексот на рационалност за втората група на производи (втор квартален извештај) е изработен врз основа на споредба на цените за набавка на медицински потрошен материјал во секторот здравство.
Резултатите од истражувањето ќе послужат како основа за изработка на препораки за преземање мерки за надминување на утврдените слабости и унапредување на работењето на локалните власти.
Индексот на рационалност се изработува преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Индексот на рационалност ќе се изработува квартално и во секој квартал ќе опфаќа максимум по пет различни предмети на набавка.
Бавноста на администрацијата на државно и на локално ниво, недоволно јасните и неусогласени критериуми за одобрување на дозволи и решенија, широкиот простор за арбитрарно одлучување.
Повеќе од 10-те илјади бесправно изградени објекти во Република Македонија кои во периодот од 2000 година наваму никнаа пред очите на градежната инспекција, се предмет на коруптивни активности во повеќе фази, од нивната изградба до конечната легализација.
Наспроти едвај неколкуте официјално пријавени случаи стои перцепцијата во јавноста дека корупцијата во образованието е распространета појава особено во високото образование.
Здравствениот сектор во Република Македонија е сериозно загрозен од разни облици на корупција кои се одвиваат во два сегмента: корупција во набавките на лекови, медицински материјали и опрема и корупција при давањето на здравствените услуги.
Менаџерите на јавните претпријатија и установи задолжително да се избираат преку јавен конкурс и според нивните стручни квалификации и компетентност.
Да се воведе задолжителен, независен мониторинг врз јавните набавки од голема вредност, набавките во кои исти понудувачи последователно се избираат за најповолни, кога се нуди нереално ниска цена во однос на пазарната или проценетата и кога постои сомневање за меѓусебно спогодување на понудувачите.
Загрижувачки е што во доминантен дел од мониторираните постапки за јавни набавки, поништувањата следуваа токму во тендери на кои учествувале голем број понудувачи.
Изборот на најповолни понуди во тендерите е доведен во прашање поради несоодветна примена на критериумите и елементите за евалуација на добиените понуди.
Проблемот со поништувањата на постапките за јавни набавки се заострува. Евидентиран е рекордно висок број на поништени тендери во второто тромесечје од годинава, најголем во изминатите 3 години од почетокот на мониторингот на јавните набавки.
Во постапките за јавни набавки, фирмите сè почесто меѓу себе се натпреваруваат со своето искуство и големина, наместо со своите понуди. Оттука, наместо цената и квалитетот на понудените производи или услуги, сè повеќе добиваат на значење референтните листи на фирмите.
Критериумите за квалификација на фирмите за учество на тендерите ја ограничуваат конкуренцијата и фаворизираат одредени понудувачи.
Економските оператори не можат да го остварат правото на увид во документацијата од постапките за јавни набавки во кои учествувале.
Секој четврти тендер е поништен. Загрижувачки е што во поништените постапки просечно учествувале по двојно повеќе компании отколку во постапките каде што е извршен избор на најповолна понуда.
Се избираат несоодветни критериуми за утврдување на способноста на компаниите за учество во постапките за јавни набавки. Воедно се применуваат и критериуми кои се несоодветни и непропорционални со видот и со обемот на набавката и кои можат да влијаат дискриминаторски и да ја намалуваат конкуренцијата.
Договорните органи премногу долго вршат евалуација и одлучуваат за избор на најповолна понуда, со што непотребно ја одолговлекуваат целата постапка за јавна набавка.
Наспроти законската обврска, некои државни институции, меѓу кои и министерства, во текот на 2009 година не доставиле ниту едно известување за склучен договор за јавна набавка до Бирото за јавни набавки.
Постојната законска и институционална поставеност не обезбедуваат квалитетни и ефикасни механизми за контрола на постапките за доделување и реализација на склучените договори за јавни набавки.
Широкиот простор на договорните органи во одредувањето на критериумите за избор на најповолна понуда остава можност за субјективност и злоупотреба.
И покрај децидната законска можност, тендерските документации не се објавуваат за преземање на веб страниците на државните органи, со што може да им се заштедат пари на фирмите и да се скрати времетраењето на постапката.