Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерства, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 % (од максимално можни 100%) и според градацијата на нивоата, спаѓа во 'просечна' активна транспарентност.
Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерства, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 % (од максимално можни 100%) и според градацијата на нивоата, спаѓа во 'просечна' активна транспарентност.
Општинските тендери во 2019 година скокнаа за една третина
Ова е трет извештај на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.
Ова е втор бриф на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.
За да се стесни просторот за можна злоупотреба на и онака скромните јавни ресурси, потребно е да се вложат максимални напори за зголемување на транспарентноста, отчетноста и рационалноста на овие набавки.
Имајќи ја предвид новонастаната состојба со новиот коронавирус Covid-19 и прогласената вонредна состојба во земјава, се укажува потреба од серија непланирани јавни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од новиот коронавирус Covid-19.
Старите навики се посилни од новиот Закон за јавните набавки. ’Најниската ценаʻ и електронската аукција остануваат неприкосновени и во првите три месеци од примената на Законот.
Честото поништување на тендерите е еден од најголемите и најдолготрајните проблеми во системот на јавни набавки во земјава. Фактот дека се поништува секој четврти тендер ја става земјата на светскиот врв по уште еден, неславен, феномен во јавните набавки.
Како што дигиталната технологија во светот се развива и станува нераскинлив дел од животот и работењето, така големите бази на податоци со коишто располагаат земјите (особено јавната администрација) стануваат клучно јавно добро за зајакнување на антикорупциските напори. Од една страна станува збор за проактивно објавување во отворен формат на навремени, точни и квалитетни податоци, а од друга страна тоа значи користење, обработка и анализа на тие податоци во насока на зголемување на интегритетот и отчетноста...
Транспарентноста ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција.
Владата и единиците на локалната самоуправа немаат официјален документ што го регулира процесот на селекција на членовите на раководните органи на претпријатијата што ги основаат.
Целта на овој документ е да направи проценка дали и во кој обем јавноста и надлежните институции ја следат работата на државните претпријатија во земјата. Притоа, фокусот ќе биде ставен на два значајни аспекти од надзорот.
Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани.
Резултати од мониторингот на јавни набавки и најновата анкета меѓу фирмите.
Честата промена на плановите треба да биде еден од индикаторите за управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки, предвидена со новиот Закон за јавни набавки.
Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведувањето на јавните набавки - 2018.
Низ годините стана повеќе од индикативна свесната намера за отсуство на контрола за време на спроведувањето на постапките за јавни набавки. Има безброј примери на злоупотреби на Законот за јавните набавки, од помали до најголеми. Од друга страна, има сосем малку примери за соодветно санкционирање на прекршителите.
Сумирани информации за главните карактеристики на јавните набавки во земјава за 2017/2018, борбата против корупцијата во јавните набавки, како и споредбени показатели и трендови за земјите од регионот.
Состојбата со јавните набавки во Македонија во 2018 година се наоѓа меѓу сè уште важечкиот „стар“ и многу критикуван Закон за јавните набавки и изработениот „нов“ закон, којшто би требало да ги „поправи“ работите, но сe уште чека на усвојување.
Министерствата и општините поседуваат вкупно 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност.
Целта на овој Прирачник е да придонесе за посеопфатно и поквалитетно планирање и управување со јавните средства за задоволување на вистинските потреби и интереси на граѓаните од регионот на Западниот Балкан.
Ниската конкуренција на локалните тендери, чијшто повеќегодишен просек изнесува 2,6 понуди по тендер, и натаму продолжува да се движи под три понудувачи, што се смета за минимум конкуренција.
Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2018 година се задржа на ниско ниво. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 43,5% (од можни 100%).
’Најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите.
Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведување на јавните набавки.
Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво, коишто за набавките спровеле 53 тендери.
Во дури 35% од мониторираните тендери има отфрлање на дел од понудите бидејќи се оценети како неприфатливи. Ова дополнително ја влошува конкуренцијата на тендерите.
Сумирани информации за главните карактеристики на јавните набавки во земјава за 2017/2018, борбата против корупцијата во јавните набавки, како и споредбени показатели и трендови за земјите од регионот.
Мониторингот ги опфаќа истражувачките и аналитичките написи објавени во медиумите и има за цел да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации кои ќе дадат оцена на застапеноста и квалитетот на истражувачките и аналитичките новинарски текстови.
Третина тендери со еден или ниту еден понудувач.
Во 2016 година дури 23% од тендерите се целосно или делумно поништени, што е за 3 процентни поени повеќе од претходната година.
Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2017 година е ниско. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 42,5% (од можни 100%).
Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво коишто за набавките спровеле 55 тендери.
Со ова истражување, за прв пат во Македонија, на едно место се претставени сумарни и поединечни податоци за средствата доделени од општините на невладините организации, листата на добитниците на проектите, како и транспарентноста на целиот процес од објавувањето оглас до реализацијата на проектите.
Значењето на јавните набавки е особено изразено во малите земји, како што е Македонија, бидејќи во овие земји тие се значаен дел од потенцијалите за водење бизнис. Оттука е важно набавките на државата да бидат фер, транспарентни и предвидливи.
Истражувањето на пазарот за техничките спецификации е невозможна мисија - исто како и добивањето согласност од советот од прв пат.
Воспоставениот механизам за истражување на пазарот и за добивање согласности од советот за јавни набавки не ги дава очекуваните ефекти.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво што имале ваков видна набавки во 2015 и во 2016 година.
Истражувањето кај фирмите за нивното искуство при учеството на постапките за јавни набавки беше спроведено во периодот ноември-декември 2016 година. Во истражувањето учествуваа 230 фирми од сите поголеми градови во земјата.
Паралелно со новите предизвици, во Центарот за граѓански комуникации ќе останеме посветени кон надградба на она што го работевме досега.
Јавните набавки во Македонија со години претставуваат една од најзначајните економски активности, низ која државните институции купуваат стоки, услуги и работи во вредност што достигнува речиси една милијарда евра (2014 год.), односно 12 проценти од бруто домашниот производ на земјата.
Просечниот резултат на сите вклучени 97 институции изнесува 44,8% (од можни 100%), што според употребената градација на нивото на активна транспарентност, би значело ’просечна‘ активна транспарентност.
Овој прирачник е наменет да им помогне на фирмите, од практичен аспект, подобро и побрзо да го совладаат подготвувањето на понудите за учество на т.н. електронски постапки за јавни набавки, што се спроведуваат преку Електронскиот систем за јавни набавки (ЕСЈН).
Истражувањето на пазарот за барањата на техничката спецификација не успеало во ниту еден од случаите.
Двата најчести проблеми со кои се соочуваат фирмите се најниската цена како единствен критериум за доделување на договорите за јавни набавки и задоцнетото плаќање за извршените договори.
Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 70 институции, кои за набавките на овие стоки и услуги спровеле 74 тендери.
Опаѓа и онака малата конкуренција кај локалните тендери.
Конкуренцијата на тендерите останува ниска.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013, 2014 и 2015 година.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013 и 2014 година.
Правната заштита во јавните набавки треба да им овозможи на оштетените понудувачи брзо, ефикасно, транспарентно и недискриминаторско преиспитување на постапката и соодветни правни лекови.
Овој Прирачник треба да им помогне на економските оператори од практичен аспект на подобар и побрз начин да го совладаат начинот на подготвувањето на понудата и да станат понудувачи, а со тоа и потенцијални носители на набавка.
Основна цел на мониторингот беше да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации за анализа на начинот на кој медиумите во Македонија известуваат за прашањата од поширок општествен интерес детектирани на заедничка дебата меѓу претставници на невладините организации и новинарите.
Советот за јавни набавки во првите месеци од работата го зголеми административното оптоварување во спроведувањето на тендерите, но не и конкуренцијата.
Општините во 2013 година трошеле за јавни набавки од 2 до 276 евра по жител. Гледано по жител, општинските разлики во 2013 година се поблаги во однос на 2012 година, кога се движеа од 2 до 412 евра.
Проценетата вредност на набавките – жежок костен за договорните органи.
Доминантен дел од анкетираните фирми сметаат дека на електронските аукции се постигнуваат нереално ниски цени и се занемарува квалитетот во однос на цената на набавките.
Цените на тендерите – растечки проблем во јавните набавки.
Најголема разлика во цените е евидентирана при набавката на услугата за ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти, а најмала разлика во цените е констатирана во набавката на услугата за асфалтирање на улици.
Сопрен е неколкугодишниот пад на бројот на жалбите доставени од фирмите до Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН).
Само во првиот квартал од 2014 година, преку постапката со преговарање без претходно објавување оглас се склучени 228 договори во вредност од 19,3 милиони евра.
Десеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: училишни клупи; гуми за патнички возила; ризла за одржување патишта; стручен надзор при градежни работи и медицински азотен оксид N20.
И по шест години од примената на Законот за јавни набавки (ЗЈН), дел од институциите и натаму постапуваат спротивно на ЗЈН, а фирмите не ги знаат своите права во однос на правната заштита.
Малите фирми сметаат дека задоцнетото плаќање, кратките рокови и условите за учество се главни проблеми во набавките на локално ниво.
Во речиси една третина од мониторираните тендери, договорот за јавна набавка е склучен со фирмата што се јавила како единствен понудувач.
Деветтиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови услуги и производи: одржување на лифтови; печатење на образец за сметки; РТГ филмови за рентген снимки; кравјо сирење и ГПС уреди.
Проблемот со малата конкуренција на тендерите добива интензитет. Како последица на ваквата состојба, се оневозможува одржување е-аукција и се зголемува бројот на тендери во кои договорот се склучува со единствената фирма понудувач.
Од стапувањето во сила на Законот за јавните набавки истиот е изменет и дополнет во неколку наврати. Сепак измените и дополнувањата кои беа извршени во декември 2011 година, се досега најобемни и со истите освен што се изврши корекција и подобрување на постојните законски одредби, се воведоа и нови инструменти кои се во функција на подобрување на квалитетот на постапките за доделување на договори за јавни набавки.
Ако Вашата фирма е заинтересирана да продава стоки, услуги или работи на јавниот сектор во РМ, неопходно е да има сознание за тоа како да се вклучи во постапките за јавни набавки, како да ја подготви понудата, кои барања и услови се неопходни да ги исполни за да го добие договорот за јавната набавка.
Искуството од следењето на спроведувањето на јавните набавки во Република Македонија покажува недоволно учество во јавните набавки, особено според вредноста на добиените тендери, на малите претпријатија и на микропретпријатијата.
Секој четврти договор за јавна набавка во мониторираниот примерок е склучен преку тендер во кои учествувала само една фирма. Отсуството на натпревар на фирмите значи и отсуство на гаранција дека потрошените пари се дадени за квалитетни производи или услуги по поволни, односно конкурентни цени.
Општините трошеле од 2 до 400 евра по жител за јавни набавки.
Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои во текот на 2012 година и во првите два месеци од 2013 година имале ваков вид набавка.
Законски задолжителната е-аукција не се закажала во 40% од мониторираниот примерок, додека кај секоја четврта спроведена е-аукција не се намалила почетната цена.
Правото на пристап до информации се темели врз принципот дека претставниците на јавните институции се избрани од страна на граѓаните и се финансираат со пари од даночните обврзници, така што јавноста има право да знае како се употребува таа моќ и како се трошат нивните пари.
Иако основата на проблемите кај сите е иста, сепак, речиси и да нема две општини со сосема идентична манифестација на проблемите, но и со сосема идентични начини на решавање на проблемите.
Учеството во донесувањето одлуки во општините е едно од основните права на граѓаните бидејќи тие одлуки во значајна мера ги определуваат условите во кои се одвиваат живеењето и работењето на луѓето и фирмите на локално ниво.
Законски задолжителната обврска за одржување е-аукција за сите јавни набавки без оглед на нивната вредност сè потешко се остварува во тендерите на локално ниво.
Постојаното проширување на листата на критериуми со кои треба да ја докажат својата способност го отежнува учеството на фирмите во јавните набавки.
Седмиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи, односно услуги: одржување на хигиена; дефибрилатори; јунешко месо без коски; ПВЦ-прозорци и работни обувки – кломпи.
Овој прирачник е наменет за новинари кои работат во кој било медиум – весници, радио и телевизија – како и за блогерите и други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информациите кои ги поседуваат јавните институции.
Центарот за граѓански комуникации, залагајќи се за транспарентност, отчетност и одговорност на институциите, останува посветен на напорите за јакнење на улогата на медиумите во општеството, имајќи предвид дека тие се од витално значење за демократијата и за обезбедување услови за одговорно и отчетно работење на носителите на власта.
Иако најавена, законски задолжителната е-аукција не била одржана во 45% од мониторираните постапки.
Шестиот индекс на рационалност е изработен за група од пет производи кои институциите на национално и на локално ниво ги купувале во текот на 2012 година и тоа: хартија за печатење и фотокопирање; индустриска сол; масло за горење - екстра лесно ЕЛ-1; клима уред и завој калико.
Во значаен дел од мониторираните тендери на фирмите им се бараат годишни приходи кои се од 10 до 27 пати поголеми од вредноста на набавката.
Петтиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи, односно услуги: агенциска провизија за привремени вработувања; ISO 9001 Стандард за квалитет; антифриз; миење возила и негазирана вода.
Демократизација на македонското општество преку подобро информирани граѓани и потранспарентно, поотчетно и поодговорно владеење.
Само малку граѓански организации од земјава се запознаени со проблемот на корупцијата и доброто владеење – се констатира уште во 2007 година, во Националната програма за превенција и репресија на корупцијата. За жал, оваа состојба важи и денес.
Анализа на односот на општините кон јавните набавки: Практики и препораки за подобрување
Медиумите имаат суштинска улога во борбата против корупцијата. Тие се најголемиот сојузник на општеството во борбата за транспарентност при носењето и при откривањето на вистинските причини кои стојат зад политичките одлуки и случувања.
Годишно, државните институции трошат повеќе од 45 милијарди денари или скоро 750 милиони евра за набавка на стоки, услуги и работи кои ги обезбедуваат преку постапките за јавни набавки, што е дури 35% од вкупниот буџет на земјата.
Имено, граѓаните, само преку медиумите, односно преку истражувањата и анализите на новинарите, можат да дознаат дали властите рационално ги трошат парите. Нормално, за ова е потребно медиумите да имаат пристап до вистинските информации за активностите на властите и да сакаат и да можат да ги објават тие информации.
Детални препораки за подобрување на системот за јавни набавки
Во изработката на овој индекс, обезбедени се податоци за цените и вредност на договорите на 84 институции во земјата.
Две моќни институции, Светската банка и Обединетите нации го искористија Меѓународниот антикорупциски ден, 9 декември, да испратат многу моќни пораки за засилување на глобалната борба против корупцијата.
Во овој број, нашата постојана соработничка и една од најистакнатите антикорупциски експерти во земјава, Вања Михајлова, прави споредба на оценките на Европската комисија по овие прашања за останатите земји од Западниот Балкан.
Корупцијата е навлезена и во спортот. И тоа во оној врвниот. Светската фудбалска федерација мораше да суспендира двајца членови од своето раководство откако се обелодени дека ги продале своите гласови за местото на одржување на следното светско првенство во фудбал.
На 28 септември, светот го одбележа денот на слободниот пристап до информации од јавен карактер или како што е наречен „Меѓународен ден на правото да се знае“.
Стотина поранешни градоначалници, општински советници, бизнисмени и адвокати се соочуваат со вкупна казна затвор од 500 години и парична казна од една милијарда евра ако се докаже дека се виновни за обвинувањата за корупција при издавањето дозволи за градба и при продавањето државно земјиште во Марбелја, едно од најелитните и надалеку познатите одморалишта на југот од Шпанија.
Корупцијата цвета во земјите од Западен Балкан. Неколку последни извештаи од релевантни институции наведуваат дека борбата против корупцијата во земјите од Балканот е само декларативна.