bitsia

Група македонски новинари, на тридневна студиска посета во Бугарија, се запознаа со практиките и искуствата на нивните бугарски колеги и експерти за поквалитетно информирање на јавноста преку примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Правото на пристап до информации се темели врз принципот дека претставниците на јавните институции се избрани од страна на граѓаните и се финансираат со пари од даночните обврзници, така што јавноста има право да знае како се употребува таа моќ и како се трошат нивните пари.

Најголемо подобрување има кај учеството на граѓаните во процесот на донесување одлуки, следено од подобрувањето во делот на проактивноста на општините спрема локалните заедници, информираноста на граѓаните и отчетноста на општината, додека најмал напредок е констатиран во делот на професионалноста на општинската администрација.

Центарот за граѓански комуникации, во партнерство со невладините организации НВО Инфоцентар и ЕХО ги издаде насоките за јавни политики за унапредување на транспарентното и отчетното локално владеење, како завршен документ од тригодишниот Проект на УСАИД за транспарентно владеење

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2012 година.

Целта на проектот е да ги зајакне процесите на јавните набавки во земјите од Западен Балкан, поточно Србија, Македонија, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Проектот е подржан од Европската Унија преку програмата за партнерства за граѓанското општество, буџетска ставка: 22.020701 – Регионални и хоризонтални програми. Водечка организација на проектот е Фондацијата за отворено општество Србија, а партнери во проектот се: Фондот отворено општество Босна и Херцеговина, Центар за граѓански комуникации, Македонија, Мрежа за афирмација...

Фактор, 10.12.2013, Јавните набавки – дувло на незаконие и корупција Тера ТВ, 28.11.2013, Јавните набавки во земјите од Западен Балкан 24 Вести, 27.11.2013, 700 милиони евра од јавни набавки се одлеваат во непознат правец во земјите од регионот Scoop, 15.11.2013, Петок – ден пред викенд, ден за тендер Алфа, 12.11.2013, Петок – ден пред викенд, ден за тендер Р.С Европа, 06.11.2013, Јавните набавки – главен извор на ”црни” пари за партиите Фактор, 05.11.2013, Исти уреди,...

Проблемот со поништувањата добива исклучително силен интензитет во поголемите тендери, односно во т.н. отворени постапки за набавка на стоки и услуги во вредност поголема од 20.000 евра и за изведување работи над 50.000 евра.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од јули до септември 2012 година. Некои од клучните наоди се: Во пораст е проблемот со поништување на поголемите тендери – оние за набавка на стоки и услуги во вредност поголема од 20.000 евра и за изведување работи над 50.000 евра.

Седмиот индекс на рационалност е изработен за: одржување на хигиена; дефибрилатори; јунешко месо без коски; ПВЦ-прозорци и работни обувки - кломпи. Во изработката на индексoт на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени 52 институции на национално и локално ниво кои во текот на првите oсум месеци од 2012 година имале ваков вид набавка. Проширување на опсегот на прибирање податоци и за 2011 година беше направен само кај набавката на ПВЦ-прозорци.

Пред 150 претставници на микропретпријатија, општини и локални институции, на 4 и 6 декември се промовирани регионалните центри за поддршка на микропретпријатијата од источниот регион во Штип и од вардарскиот во Велес.

Овој прирачник е наменет за новинари кои работат во кој било медиум – весници, радио и телевизија – како и за блогерите и други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информациите кои ги поседуваат јавните институции.

Прирачник за новинари за пристап до информации од јавен карактер

Прирачникот е наменет за новинари од кој било медиум - весник, радио и телевизија - како и за блогери и за други професионални информатори на кои, за нивните стории, им е потребен пристап до информаците кои ги поседуваат јавните институции.

Центарот за граѓански комуникации, залагајќи се за транспарентност, отчетност и одговорност на институциите, останува посветен на напорите за јакнење на улогата на медиумите во општеството, имајќи предвид дека тие се од витално значење за демократијата и за обезбедување услови за одговорно и отчетно работење на носителите на власта.

Повеќе од 40 новинари од локални медиуми од цела Македонија учествуваа на четирите дебати за поголема примена на правото на пристап до информации од јавен карактер од страна на новинарите што се одржаа во октомври во Битола, Охрид, Штип и Велес.

Анализата во овој извештај е направена врз основа на мониторинг на избран примерок од 40 постапки на договорни органи на централно ниво, чиешто јавно отворање на понудите се одвиваше во периодот од април до јуни 2012 година.

Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр.6. Големите разлики во цените по кои се купуваат исти производи говорат дека институциите сè уште имаа големи проблеми во обезбедување на рационалност при трошењето на јавните пари.

Шестиот индекс на рационалност е изработен за група од пет производи кои институциите на национално и на локално ниво ги купувале во текот на 2012 година и тоа: хартија за печатење и фотокопирање; индустриска сол; масло за горење - екстра лесно ЕЛ-1; клима уред и завој калико. Станува збор за производи кои беа вклучени и во претходните индекси и тоа за набавки спроведени во текот на 2010 година и/или првата половина од 2011 година, а во кои беа констатирани големи разлики во цените. Оттука целта на изработка на шестиот индекс на рационалност е да се направи проценка за евентуалните промени кои настанале во изминатиот период и влијанието кое можело да го има воведувањето на овој инструмент како начин за подигање на свеста на договорните органи за постоењето на големи разлики во цените и за потребата од преземање на мерки за поголема рационалност во трошењето на јавните пари.

Во изработката на индексите, цените на селектираните производи и услуги се обезбедуваа преку пристап до информациите од јавен карактер, кои беа доставувани до сите договорни органи чиишто набавки беа евидентирани на Електронскиот систем за јавни набавки.

Договорните органи свесно или несвесно придонесуваат кон отежнато учество на фирмите во постапките за јавни набавки и со тоа кон намалување на конкуренцијата што е еден од принципите на јавните набавки.

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објавува резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од јануари до март 2012 година, како и Индексот на рационалност бр.5.

Само малку граѓански организации од земјава се запознаени со проблемот на корупцијата и доброто владеење – се констатира уште во 2007 година, во Националната програма за превенција и репресија на корупцијата.

Предмет на истражување, а со тоа и на оваа анализа за односот на општините кон јавните набавки беа актуелните практики во 21 општина во Македонија, или во дури ¼ од сите општини во земјава.

Јавните набавки стануваат сè ппважни вп Република Македпнија бидејќи ушествуваат сп дури 12% вп вкупнптп дпмащнп прпизвпдствп на стпки и услуги (БДП) сп тенденција на ппстпјан ппраст пд гпдина вп гпдина – и сппред брпјпт на набавките и сппред нивната вреднпст.

Јавните набавки или обезбедувањето стоки, услуги и работи од страна на државните институции, најчесто од фирми од приватниот сектор, стануваат сè поважни и во Македонија. Годишно, државните институции трошат близу 800 милиони евра за набавка на стоки, услуги и работи кои ги обезбедуваат преку постапките за јавни набавки.

Проектот треба да им овозможи на македонските новинари поголемо и поефективно користење на јавно достапните информации во насока на унапредување на квалитетот на информирањето и промовирање на слободата на изразувањето и независноста на медиуми. Проектот е финансиран од ЕУ преку Европскиот инструмент за демократија и човекови права (ЕИДХР), а се спроведува во партнерство со Access Info Europe од Шпанија и Балканската истражувачка мрежа на новинари – БИРН од Македонија.

1. Менаџерите на јавните претпријатија и установи задолжително да се избираат преку јавен конкурс и според нивните стручни квалификации и компетентност; 2. Доследно да се применува и почитува институцијата менаџерски договор во кој точно ќе се наведат правата, обврските и одговорностите во работењето на менаџерите; 3. Да се предвидат подетални услови и критериуми што треба да се исполнат за едно лице да биде именувано или избрано за член на органите на управување во јавните претпријатија...

Станува збор за производи и услуги што често се набавуваат од страна на институциите, што овозможува индексот да се изработи низ споредба на набавните цени од поголем број на договорни органи, на национално и на локално ниво.

1. Да се одземе дискреционото право на функционерите кои раководат со државните институции – при вработувањето на нови луѓе да можат да избираат меѓу петте прворангирани кандидати предложени од Државната агенција за државни службеници и наместо тоа да се воспостави обврска на работа да се прима прворангираниот кандидат; 2. Секоја државна институција јавно да ја објави систематизацијата на работни места (на интернет страницата на институцијата); 3. Да се преиспита изземањето на вработените во Царинската управа...

Проектот го анализира трошењето на јавните пари следејќи го спроведувањето на јавните набавки во Македонија од аспект на транспарентноста, конкурентноста, еднаквиот третман на фирмите, недискриминацијата, економичното, ефикасното, ефективното и рационалното користење на буџетските средства, настојувањето да се добие најдобрата понуда под најповолни услови, како и отчетноста за потрошените средства при јавните набавки.

1.  Да се воведе задолжителна анти-корупциска настава во основното образование за поимот и видовите на корупција, како и за штетните последици од неа; 2. Да се воведат антикорупциски одредби во законите за образование со кои ќе се спречуваат конфликтот на интерес, непотизмот, кронизмот, забрана за вршење образовна работа за лица за кои со судска пресуда биде утврдено дека земале поткуп и сл. 3. Да се воспостават строги критериуми за квалитет при одобрување на литературата што...

Проектот го олеснува пристапот на микропретпријатијата до пазарот на јавни набавки во земјата, преку зголемување на капацитетите на микропретпријатијата и намалување на бариерите за нивно учество во јавните набавки. Тоа треба да придонесе кон поодржлив развој на микропретпријатијата и подобро искористување на потенцијалите за создавање работни места, раст и иновации. Проектот е финансиран од УСАИД Македонија, а се спроведува во партнерство со фондацијата Фокус од Велес и со здружението ЕХО од Штип. Видео сторија за...

1. Државниот завод за ревизија да ги зајакне ревизиите во Фондот за здравствено осигурување, клиниките, другите јавни здравствени установи и во приватните организации за делот на средствата кои ги користат за финансирање од Фондот за здравствено осигурување; 2. Да се назначат овластен сметководител и овластен внатрешен ревизор во сите јавни здравствени установи, поединечно или заеднички, зависно од големината на установата; 3. Да се воспостават процедури за детално и прецизно пропишување на начинот на работење во...

Во рамките на проектот обучени се вкупно 68 новинари од 16 локални телевизии од сите поголеми градови во Македонија. Обуките се одвиваа на лице место во редакциите на локалните медиуми, како и на терен за време на нивната секојдневна работа и беа насочени кон унапредување на вештините на новинарите за фокусирање на своите приказни врз интересот на граѓаните од локалната заедница и за подобрување на информирањето на граѓаните за прашања кои се однесуваат на нивниот секојдневен живот, а за кои овие граѓани единствено можат да се информираат токму преку локалните медиуми. Проектот е финансиски поддржан од Програмата за мали грантови на амбасадата на САД во Македонија.

Центарот за граѓански комуникации ги објавува резултатите од редовниот мониторинг на јавните набавки во земјава за периодот од октомври до декември 2011 година, како и Индексот на рационалност бр.4.

Погледнете што зборуваа и пишуваа медиумите за нашето работење. Вестите се групирани според годината на објавување. 2026 2025 2024 2023 2022 2021 2020 2019 2018 2017 2016 2015 2014 2013 2012 2011 2010 2009 2006 – 2008  

Центарот за граѓански комуникации организираше панел-дискусија во Информативниот центар на Европската Унија за слабата примена на Законот за слободен пристап до информации од јавен карактер од страна на новинарите.

Две моќни институции, Светската банка и Обединетите нации го искористија Меѓународниот антикорупциски ден, 9 декември, да испратат многу моќни пораки за засилување на глобалната борба против корупцијата.

Поранешен министер за одбрана и пратеник на владејачката партија во Хрватска и поранешен потпретседател на САД се под истрага за корупција, едниот за наводна нелегална јавна набавка, а другиот за давање поткуп на нигериски државјанин за бизнис со природен гас.

Корупцијата е навлезена и во спортот. И тоа во оној врвниот. Светската фудбалска федерација мораше да суспендира двајца членови од своето раководство откако се обелодени дека ги продале своите гласови за местото на одржување на следното светско првенство во фудбал.

Корупцијата во приватниот сектор и борбата против неа е тема за која се почесто се зборува во светот, а за која пишувавме и во едно од минатите изданија на месечникот. Соочена со корупциски скандал во Америка, каде се откри дека плаќала поткуп од милиони долари на влади ширум светот за да добие договори за јавни набавки, реномираната автомобилска компанија Даимлер сега ќе отвора специјално работно место за директор кој ќе внимава дали компанијата ги почитува законите и деловната етика во своето работење.

Стотина поранешни градоначалници, општински советници, бизнисмени и адвокати се соочуваат со вкупна казна затвор од 500 години и парична казна од една милијарда евра ако се докаже дека се виновни за обвинувањата за корупција при издавањето дозволи за градба и при продавањето државно земјиште во Марбелја, едно од најелитните и надалеку познатите одморалишта на југот од Шпанија.

Во овој број Неколку невладини организации во Србија решија – против корупцијата да се борат со свирче! Формираа специјален интернет-портал преку кој секој граѓанин може да пријави корупција, односно да свирне со свирчето, а новинарите вработени во овој портал потоа ќе ги истражат сознанијата од таквите јавувања и ќе ја алармираат пошироката јавност.

Само два месеци откако на овие страници го читавте ексклузивното интервју со водечкиот регионален антикорупционер, првиот човек на словенечката комисија за спречување на корупцијата и претседавач со ГРЕКО, Драго Кос, во овој број со гордост ви претставуваме уште едно ексклузивно интервју. Професорката на Универзитетот Јеил и еден од водечките светски истражувачи на корупцијата, д-р Сјузан Роуз-Ејкерман, само преку Месечникот за антикорупција порачува што треба да преземе една влада за да може да се нарече антикорупциска.

Пред вас е најновото издание на Месечникот за антикорупција – МАК. Најнапред, благодарност до сите вас кои одговоривте и ни го испративте назад анкетниот прашалник, со кој сакавме да дознаеме колку сте задоволни од месечникот и да прибереме предлози и сугестии за негово унапредување.

Во овој број Професионализација на членовите на Комисијата за спречување на корупцијата и практична примена на антикорупциските прописи во земјава и предлага, меѓу другото, на Македонија Драго Кос, првиот човек на словенечката Антикорупциска комисија и претседател на ГРЕКО, Групата на земји за борба против корупција при Советот на Европа, во ексклузивното интервју за Месечникот за антикорупција.

Од  1 март оваа година, секој граѓанин на Европската Унија ќе може анонимно да пријави сомневање за измама и корупција на Интернет, преку новиот електронски систем на Европската канцеларија за спречување на измами - ОЛАФ. Во нашиот регион, корупцијата продолжува да се истакнува како една од најголемите пречки за подобар углед на земјите и за поголем прилив на странски инвестиции.

Корупцијата ги мачи и земјите од нашето непосредно соседство. Овој број носи подлабок приказ на состојбата во Косово. Тамошната антикорупциска агенција поднесе пријави за 159 службеници осомничени за корупција. Сепак, меѓународните аналитичари оценуваат дека корупцијата во Косово е сè уште многу застапена и дека борбата против неа досега немала повидливи резултати. На истата тема пренесуваме една сеопфатна анализа на Балканската истражувачка мрежа која ги истражува дупките во здравствените институции на Косово. Еден американски истражувач открива поврзаност меѓу степенот на корупција во една земја со вербата на луѓето и во институциите и во луѓето. Во Кина, пак, поради ограничениот број на научно-истражувачки трудови што може да се објават во текот на една година откриен е нелегален бизнис со овие трудови вреден милиони долари. Антикорупцискиот експерт Вања Михајлова овој пат ги анализира цената и последиците од корупцијата за економијата.

Корупцијата е распространета насекаде во светот, особено во регионот на Балканот. Граѓаните на Црна Гора сметаат дека ја има најмногу во здравството, во Србија од годинава почна да работи Агенција за борба против корупцијата, а новоизбраниот претседател на Хрватска победи како антикорупциски кандидат.

Веќе пет години секојдневно работиме на намалување на просторот за корупција во Македонија и на промовирање на принципите на „доброто владеење“, и на централно и на локално ниво. Фокусирани сме на спроведување на два вида меѓусебно поврзани активности: мониторинг и откривање на корупциски практики и врз основа на тоа препорачување на мерки и политики за намалување на просторот за корупција и унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите во борбата против корупцијата во земјава. Во текот на секојдневното работење, ние и експертите со кои соработуваме доаѓаме до многубројни информации за корупциски и антикорупциски практики кај нас и во земјите од регионот и светот. Со објавувањето на овој месечник за антикорупција и „добро владеење“ сакаме да ги поделиме тие информации со пошироката јавност, пред сè со претставниците на јавната администрација за кои сметаме дека се и најодговорни за борба против корупцијата и за воспоставување и почитување на принципите на „доброто владеење“. Истовремено, нудиме и експертски анализи кои можат да послужат како извори на идеи и примери за подобрување на сегашната состојба со корупцијата во Македонија. Отворени сме и сакаме да ни ги испраќате вашите мислења, идеи и ставови за антикорупциски теми и за практики на „доброто владеење“, но и да ни посочите на коруптивни практики и воопшто на постоење на простор за корупција. Тоа ќе ни послужи како основа за натамошно артикулирање на тие практики и проблеми, но и како помош при спроведување на нашите идни антикорупциски активности. Корупцијата е едно од најголемите зла во Македонија, која ги уназадува развојот и напредокот...

Центарот за граѓански комуникации е формиран во април 2005 година како невладино, непрофитно и непартиско здружение на граѓани. Во своето осумнаесетгодишно дејствување, ЦГК ја фокусира својата работа врз две групи од меѓусебно поврзани активности: (1) мониторинг на државните институции и врз основа на тоа, препорачување мерки и политики за унапредување на работењето, доброто владеење, економскиот развој и за намалување на просторот за корупција и (2) унапредување на способноста на новинарите и на посебната улога на медиумите и на невладините организации во борбата против корупцијата и зголемувањето на транспарентноста, одговорностаа и отчетноста на државните институции. Во оваа насока, ЦГК досега има изработено и предложено неколку стотини конкретни препораки за преземање мерки за унапредување на регулативата и практиката во насока на потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење на централната и на локалните власти, има обучено повеќе од 250 новинари од националните и од локалните медиуми за истражување и известување за корупција, исто толку претставници на граѓанските организации, а и има објавено и триесеттина истражувања и прирачници. Претставници на ЦГК редовно учествуваат на работилници и во експертски групи за креирање стратегии и мерки за борба против корупцијата и за други прашања од областите на делување на ЦГК. Нашата визија е ЦГК да биде докажан општествен чинител во демократизација на македонското општество, подобро информирање на граѓаните и транспарентно и одговорно владеење. ЦГК делува врз основа на статут на здружението и на Стратегија за работа 2023-2027 година.   ТИМ: Герман Филков претседател, gfilkov@ccc.org.mk Сабина Факиќпрограмска директорка, sfakic@ccc.org.mk   Весна Трајковиќфинансискo-административна координаторка, vtrajkovic@ccc.org.mk Павлинка Стрезоскапроектна координаторка, pmadzevska@ccc.org.mk Елмир Факиќпроектен координатор, efakic@ccc.org.mk Марко...

ТВ Канал 5, 14.11.2007, Професионализацијата на јавната администрација е неопходна за да се намали корупцијата Утрински весник, 03.10.2007, Тешка борба против корупцијата во урбанизмот Шпиц, 13.09.2007, Секоја година нови 1.500 нови дивоградби Вечер, 24.07.2007, Мерки против корупција Нетпрес, 23.07.2007, Центарот за граѓански комуникации објави препораки за намалување на корупцијата Дневник, 06.07.2007, Партиската книшка го води државниот апарат Дневник, 05.07.2007, Владата позадоволна од народот Дневник, 17.05.2007, Јавните набавки треба да бидат подалеку од политичките финансиери Netpress, 16.05.2007, Центарот за граѓански комуникации со предлог мерки...

Вечер, 30.12.2009, Треба да има казни за поништените тендери Утрински весник, 30.12.2009, Слабост на тендерите се фаворизираните фирми Дневник, 30.12.2009, Сомнителни поништувања на јавните набавки БИРН, 29.12.2009, Macedonia’s Public Procurement ‘Suspicious’ Алфа Телевизија, 29.12.2009, Недоволен отчет за трошење на јавните пари МТВ, 29.12.2009, Недоволна транспарентност на институциите за трошењето на јавните пари Кирилица, 29.12.2009, Институциите не се доволно транспарентни за трошењето на јавните пари Инпрес, 29.12.2009, Недоволна отчетност за народните пари Кирилица, 29.12.2009, Висок процент...

Дневник, 24.12.2010, Во четири очи договорени 20 милиони евра буџетски пари Радио Северна Европа, 23.12.2010, Злоупотреба на тендерите? Дневник, 22.12.2010, Конкуренцијата на тендерите се помала Нова Македонија, 22.12.2010, За три месеци потрошиле над 9 милиони евра Време, 22.12.2010, Поништените тендери станаа тренд Вечер, 22.12.2010, Извештај на ЦГК: Зголемен уделот на поништени тендери Утрински, 22.12.2010, Тендерите ја задушуваат конкуренцијата Бизнис, 22.12.2010, Во непосредни договори потрошени 9,3 милиони евра МК Фондови,22.12.2010, Расте недовербата во постапките за јавни...

Капитал, 19.12.2011, Собранието најмногу троши на преводи и декоративни цвекиња! Р.С Европа, 19.12.2011, Народните пари изгубени во собранискиот превод Капитал, 16.12.2011, Државата купувала по цени 400% повисоки од нормалните! Плус инфо, 15.12.2011, Драстично повисоки цени за исти производи во различни државни институции 24 Вести, 15.12.2011, Нерационално се трошат државните пари Р.С Европа, 09.12.2011, Јавни набавки, лични интереси Р.С Европа, 05.11.2011, Граѓаните без иницијатива или власт без слух? Капитал, 07.10.2011, Во 21 век информацијата не може...

Радио Слободна Европа, 24.01.2013, Народната каса нетранспарентно се празни Нова Македонија, 29.12.2012, Државата потрошила над 30 милиони евра на набавки без тендер Миа, 28.12.2012, Анализа: Се зголемува проблемот со поништувањето на поголемите тендери Бриф, 28.12.2012, Се повеќе се зголемува проблемот со поништување на поголемите тендери Капитал, 28.12.2012, ЦГК:За девет месеци договорени јавни набавки во четри очи вредни 32 милиони евра Фактор, 28.12.2012, Без оглас договорени јавни набавки вредни 14 милиони евра Плус Инфо, 28.12.2012, Продолжуваат...

roekt Korupcija - Натали Наскова СотировскаЗа кампањата „Ти си Македонија”, која е пресликана од „Ти си Германија”, се трошат државни пари и се форсираат антички корени на Македонците, а германската била критикувана дека праќа „националсоцијалистички пораки” и не добила ниту едно евро буџетски париОколу шест милиони евра лани ја чинеле државата петнаесетината кампањи на Владата, а исто толку пари за оваа намена биле  потрошени и во 2007 година. Овие неофицијални пресметки би биле валидни само ако се земат како точни скудните информации од владините функционери дека една кампања „ѓутуре” чини околу 400.000 евра. Пред повеќе од една година, на почетокот на кампањата „Знаењето е сила, знаењето е моќ”, премиерот Никола Груевски, прашан за цената, упати на „рамка од околу 400.000 евра”. Оттогаш, таа сума се посочувана како рамка за сите досега спроведени кампањи.Но, во шесте милиони евра државни пари не се пресметани и многубројните кампањи на министерствата, за кои исто така нема отчет колку ги чинат граѓаните. Владини извори велат дека кампањите се спроведуваат за подигање на свеста на граѓаните за прашања важни и за нив и за државата. Притоа, се повикуваат на слични кампањи што се водат во земјите на ЕУ и во САД, а кои се многу поскапи од домашните.ОД ПЛАТА ДО ЕТИКАВладата лани објави тендери за осмислување и реализација на 15 кампањи. Во февруари почна постапка за кампањата за зголемување на почитта и толеранцијата меѓу луѓето. Граѓаните беа бомбардирани и со разни ТВ-спотови и објави во весниците за се' што Владата го смета за свој успех. Пред изборите неколкупати беше емитуван и...

Proekt Korupcija - Натали Наскова СотировскаТајна контролата на тајните службиВласта нема да може да ја користи УБК за политички пресметки само ако нејзината работа реално ја контролираат Собранието, експертите и јавноста, вели професорот на Факултетот за безбедност, Богданчо ГоговЕкспертите предупредуваат на расчекорот меѓу моќта и парите што ги имаат тајните служби и контролата од надлежните органи и институции врз нивМакедонските безбедносни служби работат на своја рака. На Агенцијата за разузнавање никој не и' дава насоки на што да се посвети како државен приоритет, а Управата за безбедност и контраразузнавање (УБК) е држава за себе, со огромна моќ, а без никаква контрола од надлежните органи и институции. Ова се заклучоците на стручната јавност во земјава, но и од директно инволвираните во работата на овие мошне битни служби. Последица на таквото, за едната служба принудно, а за другата самоволно самостојно одлучување што е државен приоритет, без консензус на државниот врв, е што Македонија се промовира во светот како, најблаго речено, недемократска држава. Државните системи во кои овие служби самите одлучуваат што и како да се работи, под палката на тесна државна партиска врхушка, се маркираат како тоталитаристички. Од друга страна, во прашање се доведува и безбедноста на државата, а тоа е всушност и целта на постоењето на овие служби.РАЗУЗНАВАЧИТЕ РАЗУЗНАВААТ ЗА СЕБЕ- Агенцијата има концепција за работа во согласност со државните приоритети. Проблем е што не постои закон што систематски ќе уреди што е национална безбедност, кои се нејзини субјекти, што им е делокругот на работа и кои им се надлежностите. Вака политичката волја е клучна дали...

Proekt Korupcija - Срѓан СтојанчовЗа решение за вработување на неопределено време некои директори им бараат на професорите и по неколку илјади евра.Ќе донесеш 4.000 евра и добиваш решение за вработување на неопределено време. Со овие зборови и се обратил директорот на едно скопско средно училиште на млада професорка, која повеќе од една година работи во училиштето, но на определено време.- Ми го продолжија договорот, но цело врреме сум под притисок. Ако се најде некој што ќе си плати, јас ќе летам од работа – вели нашата соговорничка, која инсистира на анонимност.Таа вели дека иако дипломирала во рекордно време со солиден просек, за вработувањето на определено време потегнала еден куп врски, ама на крај сепак парите го имаат последниот збор.- Толку пари не сум видела ни на сон, а и не знам колку е исплатливо, зашто треба да работам уште две години само за да си го исплатам вработувањето – вели професорката.Не пријавила никаде зашто се сомнева дека парите си ги делат повеќемина и разочарано вели дека нема каде да се обрати.Дознаваме дека ова не е изолиран случај и дека истото се случува во повеќе училишта.Во Синдикатот за образование, наука и култура(СОНК) велат дека до сега кај нив никој не пријавил дека му барале мито за да се вработи, но велат дека се свеснио дека такво нешто постои.- Има над 8.000 луѓе во образованието што работат со договори на определено време, а тоа се речиси половина од вработените. Има случаи кога наставниците над 20 години работат со договори за определено. Во едно кумановско училиште, 70 отсто...

Proekt Korupcija - Дритон ДикенаDy deputetet mashtrueseBeneficionet e një mandati deputeti dhe buxhetin shtetërorë e shfrytëzojnë dy deputetet Oana Manolesku dhe Liana Dumitresku. E para e ka shpallur veten shqiptare ndërsa e dyta maqedonase ndërsa sipas shqiptarëve dhe maqedonasve në Rumani as e para dhe as e dyta nuk kanë prejardhje siç deklarohen por kanë uzurpuar nacionalitetin vetëm e vetëm për të shfrytëzuar buxhetin shtetërorëPakicat, shqiptare dhe maqedonase, në Rumani kanë mandate të garantuara në parlamentin rumun, por kjo aspak nuk i ka zbutur problemet me të cilat ballafaqohen, ndërkohë që rrezikohen edhe të shpërbëhen. Përveç mandateve parlamentare, Qeveria rumune ka ndarë edhe një buxhet për pakicat e garantuara me Kushtetutën e vendit me qëllim të kultivimit të gjuhës, kulturës dhe traditës, por ajo që ka mbetur deri më sot është falë xhelozisë dhe dashurisë vullnetare të shqiptarëve dhe maqedonasve nga Rumania , për atdheun e tyre.Beneficionet e një mandati deputeti dhe buxhetin shtetërorë e shfrytëzojnë dy deputetet Oana Manolescu dhe Liana Dumitrescu. E para e ka shpallur veten shqiptare ndërsa e dyta maqedonase ndërsa sipas shqiptarëve dhe maqedonasve në Rumani as e para dhe as e dyta nuk kanë prejardhje siç deklarohen por kanë uzurpuar nacionalitetin vetëm e vetëm për të shfrytëzuar buxhetin shtetërorë. Të dy deputetet Manolesku dhe Dumitresci në emër të shqiptarëve dhe maqedonasve kanë marrë mbi një milion euro për katër vite.Një milion euro për katër viteNë vitin 2005 nga buxheti shtetërorë rumun për 521 shqiptarët e regjistruar zyrtarisht në Rumuni,  me saktë Manolescun janë ndarë 137 621 euro. Po aq...

Proekt Korupcija - Дритон ДикенаИако повеќе од една деценија пациенти од Македонија патуваат во Индија, Пакистан и во други држави каде што трансплантации на бубрези се вршат легално, полулегално или нелегално, иако наши граѓани на интернет и волокални весници нудат бубрези на продажба, иако во официјални извештаи пишува дека Македонија е дел од синџирот на нелегална продажба на бубрези, во земјава, официјално, трговија со органи - нема. „Дневник“ направи истражување. Еве, што покажа тоа„Не, не е можно да ми се случува мене. Докторите грешат. Тие ништо не знаат“. Младата дваесет и двегодишна скопјанка не можела да поверува дека здравјето сериозно и брзо и' се нарушува. Се' додека едниот бубрег не и' откажал. Морала да почне со дијализа. „Зошто токму мене ми се случува ова?“ Прашањето и' одѕвонувало секој ден во главата. Не можела да ја поднесе помислата дека до крајот на животот ќе мора да оди на дијализа. Никој од нејзините блиски не бил соодветен донор на бубрег. И решила. Отишла во Пакистан. По бубрег. Како, преку кого - не кажува. Не сака да зборува ниту во која болница била, ниту кој ја оперирал ниту колку платила за бубрегот. Таму и' пресадиле бубрег. Но, нејзините маки не престанале. Напротив. Го изгубила и донираниот бубрег, а за малку и едната нога.- Девојката тешко го поднесуваше фактот дека мора да оди на дијализа. Одеднаш ја снема. Слушнавме само дека по некои тајни канали заминала во Пакистан, во болницата во градот Лахоре, каде што и' бил пресаден бубрег. Но, кратко време по враќањето од Пакистан, повторно дојде во...

Proekt Korupcija - Даниела Саздова Како функционира проектот „компјутер за секое дете“ во велешко?Деветгодишната Алма Исламова е ученичка во трето одделение во ОУ „Стојан Бурчевски, Буридан во велешкото село Сујаклари.Таа е солидна ученичка и за неа наставниците велат дека има голем талент за информатика.Но Алма нема каде да ги развива своите способности затоа што нема компјутер ни во училиште, ниту дома. Таа  ни ја кажа неостварената желба, да има компјутер. Но затоа пак нејзината мајка, Ханке, се надева дека материјалната состојба во семејството ќе се подобри и ќе можат да му купат компјутер на своето единствено дете.„ Понатаму а можеби и сега кога ќе го продадеме тутунот ќе и купиме компјутер" вели Ханке, мајката на Алма.Алма ја запознавме во училиштето. И тану неможе да учи со помош на компјутери иако компјутерите од проектот „Компјутер за секое дете",  веќе се во училишната зграда.  Дваесет и трите компјутери од владиниот проект  на кои треба да учат четириесетте ученици се во наставничката канцеларија. Во училиштето не стигнале инсталатерите на фирмата која беше избрана на тендерот.Не само во Сујаклари, владините компјутери сеуште не се инсталирани и во основното училиште во село Бузалково. Тоа е подрачно училиште на велешкото Васил Главинов и во него учат 320 ученици. Таму од проектот на владата во јануари годинава  стигнаа 140 компјутери.Според родителите на учениците причина за неинсталираните компјутери беше слабата електрична инсталација што пак е  нелогично затоа што пред пет години  ова училиште се  реновираше со 50 илјади евра донација од Швајцарската амбасада. Од општина Велес потврдија дека и таму доцни инсталацијата но...

Proekt Korupcija - Весна КоловскаРуските компании не се ниту на првите десет места по инвестиции во Македонија, според официјалните податоци на Народна банка на РМ. Како руски пари беа најавени влезот и инвестициите во  двата најголеми македонски рудника Бучим и Саса. Официјално, седиштето на компанијата не е во Русија. Истражувавме зошто рускиот капитал во државата доаѓа од други земји, тнр. земји на даночен рај  преку оф шор компании?Единствена голема руска компанија која инвестира во Македонија е Лукоил. Но, влезот на нафтениот гигант не е преку Русија, туку компанијата ќерка регистрирана во Холандија. Со Лукоил во Македонија раководат Молдавци, додека веќе некое време Лукоил Македонија е дел од бугарската компанија на оваа руска нафтена компанија. Новата топлинско - гасна централа ТЕ-ТО се најавува како руска инвестција, на компанијата Итера, која неодамна пропадна. Инвестицијата сега е австриска, но во позадина е повторно руски капитал преку Синтезис груп. Руски пари има и во две големи  касина во Македонија, но официјално, според  директорот на Македонско руската стопанска комора Дејан Бешлиев,  руските инвестиции можат да се избројат на прсти.Рудниците Бучим и Саса сега се дел од империјата на рускиот Евреин Александар Бронштајн. За него купуваше Павел Малиновски, но преку една од своите оф шор компании регистрирана на остров во Шпанија - Сент Винсент и Гренадини, каде за основање на компанија е потребен влог од само 20.000 евра. Овој податок не му е познат за поранешниот премиер Владо Бучковски, кој заедно со Русите во 2006-та ја сечеше лентата на реконструираниот рудник Бучим. Работата со Русите е чиста, тврди Бучковски, иако во...

Proekt Korupcija - Весна КоловскаИ денеска истражувавме за тоа од каде доаѓаат и кој стои зад руските инвестиции во Македонија. Иако се значително поголеми од официјално прикажаните, офцијално инвестциите се од други земји, главно преку оф шор компании.Малкуте руски инвестиции во Македонија не се водат како руски, туку доаѓаат како компании од Холандија, Германија, Австрија, Кипар, Девствени острови, Антилите. Токму Холандија последните години неофицијално е прогласена за земја даночен рај поради двојните договори за неоданочување. Во вкупните инвестиции Холандија е виско рангирана на осмо место на листата на инвестиции.  Инвестициите се преку една од шор компаниите на руските гиганти. Двата најголеми рудника во македонија Саса и Бучим ги управува оф шор компанија на бизнисменот Бронштајн регистрирана на остров близу Шпанија. Томку оф шор компаниите им даваат можност на Русите, парите со минимална контрола да заминат од Македонија. Директорот на Македонско-руската стопанска комора Дејан Бешлиев вели дека за нас поважно прашање е зошто интересот на рускиот бизнис ја одминува Македонија.Во Србија со 400 милиони влегуваат русите во НИС, нафтената индустрија на Србија, најавена како најзначајна бизнис зделка последните години. Еднаипол милијарда евра инвестираат во подземен склад за гас. Еден од најбогатите Руси, Олег Дерипаска за 30 милиони го купи Алуминуимскиот комбинат во Црна Гора, меѓутоа, таму рускиот капитал е во недвижнините и морскиот брег. Никој точно не знае колку пари се вложени. Во Бугарија Русите се на 14-то  место по инвестиции, додека во Романија на 20-то место.За сите земји во регионот е заедничко е што практично руските инвестиции се далеку поголеми од административниот приказ поради вложувањето...

Proekt Korupcija - Весна КоловскаНадлежните институции тврдат дека кај нас нема трговија со човечки органи, иако повеќе од една деценија македонски државјани патуваат во странство, во земји како Индија, Пакистан, а во поново време и во Египет, да извршат полулегална трансплантација на бубрег. Има неофицијални информации дека бизнисот со трговијата со органи, најмногу со бубрези, цвета во Македонија и во земјите од регионот, а Американската лекарска организација ја посочува нашата земја како дел од трговскиот синџир. Но и покрај тоа, надлежните за откривање и гонење на криминалот велат кај нас го немало. Пред десетина години нашите лекари одбиле понуда на израелскиот колега Заки Шапира, чие име се врзува со нелегални трансплантации и шверц на бубрези, Македонија да стане дестинација каде што ќе се вршат пресадувања.- Точно е дека тој бизнис „цвета“. Ние ги пријавуваме случаите кога ќе ни дојдат македонски, но и пациенти од Косово кои по пат на трансплант-туризам дошле до бубрег. Тие во Клиниката за нефрологија доаѓаат бидејќи по извршената трансплантација добиле компликации и ние мора да ги санираме и да ги лекуваме. Не ретко дури и мора да им ги извадиме бубрезите што скапо ги платиле за да им го спасиме животот. Ги пријавуваме таквите случаи во полиција. Доаѓаат иследници за да се најде посредникот, зашто пациентите одат преку канали што ние не ги знаеме. Има сомневања дека преку исламските фундаменталисти од Албанија голем дел од пациентите од Косово оделе преку овие канали во Пакистан. Тоа е многу вешто направено. Сепак, може да се открие, како впрочем и другите видови организиран криминал,...

Proekt Korupcija - Весна КоловскаАмериканската лекарска организација во официјални извештаи пишува дека Македонија е дел од синџирот на нелегална продажба на бубрези, невладини организации предупредуваат дека „имаат индиции“ оти сиромашни граѓани продаваат бубрези, во неколку афери неименувани македонски лекари беа посочувани дека учествувале во нелегални трансплантации, но официјално, во Македонија нема трговија со органиИтно продавам бубрег за 300 евра. Продавам бубрег за 1.000 евра, нулта позитив. Вакви огласи со телефонски броеви за контакт може да се најдат на страниците на македонски локални печатени медиуми. И на интернет-огласниците.- Ало, добар ден. Имате оглас дека продавате бубрег. Дали огласот уште важи?- Продадено. Не важи - одговара машки глас од другата страна на телефонската линија. Подготвен е да го исклучи телефонот. Се обидуваме да го продолжиме разговорот. Да дознаеме барем нешто.- Дали можеби знаете некој друг да продава? Морам да најдам во најскоро време.- Не, не...- Можеби луѓето со кои вие сте контактирале знаат каде можам да најдам...?Ти-и-т, ти-и-т...Другите телефонски броеви во огласите што се оставени за контакт, веќе не постојат.Ако на кој било домашен или странски интернет-пребарувач впишете „продавам или купувам бубрег“, ќе најдете поголем број огласи во кои тој орган се нуди или се бара. Дали македонската полиција ги проверува ваквите огласи?- Огласите не се предмет на кривично гонење. МВР ги следи огласите, но самиот чин на објавување не се коси со законската регулатива. Ако не може да се докажат елементи на кривично дело, МВР нема основа за постапка. Треба да се докаже дека органот се нуди и продава присилно, под закана, но не и ако...

Proekt Korupcija - Даниела ТрпчевскаДваесет годишно момче со капа на главата и блуза навлечена на лицето, се приближува до банкоматот и со едната рака ја покрива камерата вперена во него. Потоа од џебот извлекува шест различни фалсификувани кредитни картички и неколкупати извлекува пари од туѓи сметки. На крајот од денот штетата од кражбите со лажни картички на неколку гостиварски и скопски банкомати достигнува над 100 илјади денари. Додека измамниците среќно ги тријат рацете од богатиот плен, полицијата неколкупати внимателно да прегледува снимките од сомнителните трансакции. Иако момчето од снимката е убедено дека го маскирало ликот и никој не може да го фати, еден мал детаљ сепак ја одведе полицијата до бугарската група која пред неколку месеци ги „нападна“ македонските банкомати. Тоа беше неговата жолта капа.Случајот со двајцата бугарски државјани, кои пред неколку месеци беа фатени во Скопје, како извлекуваат пари од банкоматите на Про кредит банка со фалсификувани кредитни картички, доби судска разрешница. За компјутерска измама, К.А.А. и неговиот пријател, кои во март годинава со фалсификувани платежни картички од повеќе банкомати на Про Кредит банка во Скопје и во Гостивар подигаа над 100.000 денари се осудени на по.....затвор. Истрагата утврди дека измамниците со себе имале шест жолти пластични картички на чија позадина на магнетната лента електронски биле впишани броеви од виза и од мастер платежни картички, со намера со нив да извадат пари од банкоматите во земјава.Само на територијата на Скопје минатата година се процесуирани осум случаи накомјутерска измама. Тоа го потврдува и Владимир Милошески од скопското обвинителство, кој објаснува дека дел од овие случаи...

Proekt Korupcija - Даниела ТрпчевскаСкајп, е-маил , чет програми, и-беј секојдневно се преплавени од хакери кои се обидуваат на лесен начин да заработат, со продажба или купување на тајни кодови за кредитни картички. Стотици податоци секојдневно се разменуваат во тајни виртуелни соби на најпознатите чет програми, кои ги користат милиони луѓе ширум светот. Влезот во овие „тајни одаи“ најчесто е строго ограничен и до нив имаат пристап само оние кои имаат шифра. Разговорите на кои се разменуваат, продаваат и купуваат податоци за банкарски сметки, лични податоци на богати луѓе, како и пин кодови за кредитни картички не се интересни само за хакерите. Со будно око нив ги следи и полицијата, која тешко успева да се справи со „епидемијата“ на комјутерски криминал која го зафаќа светот. На ова не е имуна ниту Македонија. Иако со далеку помал обем,  комјутерскиот криминал веќе почна да ги напаѓа македонските банкомати, олеснувајќи ги сметките на граѓаните и предизвикувајќи штета за која никој досега јавно не проговорил колку изнесува. Сознанијата на македонската полиција укажуваат дека во криминалот со кредитни картички македонските хакери често соработуваат со луѓе во странство со кои разменуваат податоци по интернет и потоа ги празнат банкоматите со лажни кредитни картички. Грција, Бугарија, Црна Гора, Хрватска се заразени од компјутерски криминал. Особено се зафатени Бугарија и Романија каде најчесто завршуваат и од каде се купуваат украдените кредитни картички. Станува збор за добро разработена мрежа, во која често се вплеткуваат и криминалци од Македонија. Минатата година беше реализираше најголемата акција наречена „Банкомат“ за сузбивање на криминалот со кредитни картички, при...

Proekt Korupcija - Даниела ТрпчевскаПратеникот Јани Макрадули минатата година беше жртва на странски фалсификатори на кредитни картички, кои од неговата сметка успеале да одземат околу 200 евра. Индонезиски фалсификатор преку фалсификувана „виза" картичка, од сметката на потпретседателот Макрадули успеал да симне околу 200 евра. Трансакцијата била направена на 8 септември, дента кога во Собранието Макрадули го славел Денот на независноста. По извесно време му пристигнало известување од Стопанска банка за потрошените пари. Макрадули се соменав дека неговата картичка веројатно била скимирана кога пред една година престојувал во Индонезија, или пак едноставно неговите податоци биле пробиени компјутерски и биле вметнати во бланко картица, која била употребена за купување во продавници.  За среќа целата приказна завршила добро, бидејќи Стопанска банка, по три месеци му ги вратила парите, отоако била докаѓана злоупотребата. „По неколку месеци банката ми ги рефундираше средствата, откако се ѓалев и докаѓав дека во тој период кога е употребена картицата воопшто не сум бил во Индонезија“, вели Макрадули, кој е единствен кој јавно проговорил за злоупотребата на неговата кредитна картичка.Тој веројатно е една од многуте жртви на комјутерски криминал со скимирана картичка надвор од земјава. Пред две години во земјава беше откриен првиот случај на ваква измама, кога на банкомати во Трговскиот центар беа откриени скимери, направи за крадење на податоците од кредитните картички. Групата беше разбиена, и од тогаш велат во МВР, друг таков случај не бил реализиран.„Скимери во Скопје повеќе нема. По минатогодишната акција го сузбивме овој начин на крадење на податоци од граѓаните. Крадците се повеќе се одлучуваат на други начини на...

Мрежи

04.03.201210211

Мрежа на истражувачки новинари Мрежа на медиуми и НВО-а за борба против корупцијата

Пин кодот на дебитните и кредитните картички треба да го знае само  сопственикот на сметката. Таквите податоци тој никако не смее да ги дава на членови на своето семејство, пријатели или други лица. Картичката треба да се чува одвоено од пин кодот, оти ако таа биде предмет на кражба, автоматски на тацна на крадецот му се нуди и заштитната шифра. Граѓаните често од незнаење прават банални грешки – пин кодот го запишуваат на ливче кое го залепуваат на кредитната картичка, или пак го внесуваат во мобилниот телефон, или на ливчиња кои ги чуваат во паричникот. Ова се укажувањата на надлежните од скопската единица за борба против компјутерски криминал, кои последниве години по воведувањето на платежните картички имаат полни раце работа.Нивното искуство покажува дека најчесто злоупотребите на кредитните се случуваат поради нивна кражба, изгубени документи поради невнимание или пак злоупотреби од страна на членови на блиската фамилија, роднини или цимери. Така, се присетуваат инспекторите, имало случај на двајца студенти кои живееле заедно, од кои едниот пријавил во полиција можна злоупотреба на неговата картичка. Истрагата покажала дека картицата била употребена од страна на неговиот цимер, кој го знаел пин кодот на картицата на оштетениот.„Кога ќе пријави некој злоупотреба на картицата, секогаш проверуваме дали некој друг од фамилијата му ја користи. Понекогаш се случувало сопругата да  пријави злоупотреба, а потоа да се утврди дека можеби сопругот, некое од децата или пак роднини кои го знаеле пин кодот, ја искористиле нејзината картица за да повлечат пари од сметката”, велат инспекторите за компјутерски криминал. Често се случува и родителите, доколку...

Со професионално и квалитетно известување за корупцијата, медиумите придонесуваат кон зголемување на притисокот на јавноста врз носителите на јавно доверената моќ за транспарентност, отчетност и одговорност, кон зголемување на свеста за штетноста на корупцијата и на притисокот врз надлежните институции да преземаат мерки за разрешување на корупциските случаи.

Корупцијата е еден од клучните проблеми на Македонија, кој го поткопува владеењето на правото, ја намалува ефикасноста на јавната администрација и ја намалува довербата на граѓаните во институциите. На распространетоста на корупцијата во земјава и на сè уште неефикасната борба против неа укажуваат низа извештаи и оценки на релевантни меѓународни институции и организации (Извештај на ЕК за напредокот на РМ (2008), Годишен извештај на Стејт департментот на САД за почитувањето на човековите права во РМ (2008), Индикаторите за владеење на Светската банка (2009) и др.).

За да се обезбедат потребните податоци за изработка на индексот на овие пет производи (клима уреди, лаптоп-компјутери и ГПС уреди за возила), односно услуги (писмен превод и физичко обезбедување), ЦГК достави до институциите на национално и локално ниво 94 барања за слободен пристап до информации од јавен карактер.

Книга на практики и препораки (.pdf)Една од главните цели на децентрализацијата е да ги направи локалните власти поодговорни кон потребите на локалните заедници. Сепак, шест години по воведувањето на овој процес, истражувањата покажуваат дека граѓаните сè уште не се задоволни од начинот на кој локалната самоуправа се справува со нивните проблеми и како таа го организира животот и работата на локалните заедници.Во најголемиот дел од општините во земјава, граѓаните недоволно учествуваат во процесот на донесувањето на одлуките и во креирањето на локалните политики, а локалните власти не се доволно транспарентни, отчетни и одговорни во своето работење. Освен ова, граѓаните сè уште не се доволно запознаени со улогата и со значењето на општините во локалните заедници.Оттука, се наметнува потребата од обезбедување помош на општините за да развијат и да применуваат ефикасни механизми за потранспарентно, поотчетно и поодговорно работење, како и механизми кои ќе овозможат и ќе поттикнуваат редовно учество на граѓаните, бизнисмените и претставниците на невладините организации во донесувањето одлуки и во креирањето на локалните политики. Од друга страна, постојат општини кои применуваат одредени успешни практики  кои покажуваат резултати и кои служат како успешни примери што можат да ги следат и да ги применуваат другите општини.Повеќе од една година, три домашни невладини организации, НВО Инфоцентар, Центар за граѓански комуникации и ЕХО, поддржани од УСАИД, работат врз зголемување на довербата и соработката меѓу граѓаните, бизнисмените, граѓанските организации и локалните власти во Македонија, преку воведување и заживување механизми за потранспарентно, поодговорно и поотчетно работење на локалните самоуправи; преку охрабрување за поголемо учество на граѓаните во процесот на донесувањето...

Мониторинг на медиумското известување за корупција во Македонија (.pdf)Предмет на директен мониторинг беа написите за корупција објавени од 1 јануари до 31 декември 2008 година во пет дневни весници (Дневник, Вечер, Време, Утрински весник и Факти*). Предмет на анализа во рамките на овој проект се збирните резултати од мониторингот, а не резултатите на кој и да е одделен весник.Во мониторингот беа вклучени написите кои се однесуваат на корупција, корупциски практики, обвинувања и сомничења за корупција, злоупотреба на јавни средства, како и преземените анти-корупциски мерки, активности и политики. Мониторингот се спроведе во периодот јануари-мај 2009 година. Објавените написи и нивната содржина, меѓудругото, се анализираа од следниве аспекти: Страница на која е објавен текстот; Големина на текстот; Најава на текстот на насловната страница; Илустрации на текстот; Автор на текстот; Жанровска припадност на текстот; Број, статус, официјалност и локација на изворите во текстот; Фер и балансиран пристап; Повод за написот; Областа во која е примерот на корупција; Актот на корупција; Поседување на документи и докази за потврда на тврдењето за корупција, Припадност на актерот на корупција (сегашна или поранешна власт). Имајќи ги предвид опфатот, обемот и начинот на мониторирање, станува збор за единствен од овој вид и досега најопфатен и најдлабочински мониторинг што е спроведен во земјава кој нуди релевантни квантитативни и квалитативни показатели за начинот на кој медиумите информираат за корупцијата. Facebook

НВО  Инфоцентарот,  Центарот  за  граѓански  комуникации  и  ЕХО,  во периодот  од  септември 2009  година  до  август 2012  година  го реализираат „Проектот на УСАИД за транспарентно владеење”.  Тргнувајќи  од фактот  дека  еден  од  најдобрите  начини  за  борба  против корупцијата  е  поголемата  транспарентност,  одговорност  и  отчетност, овој  проект  ќе  придонесе  кон  заживување  на  механизмите  запотранспарентно,  поодговорно  и  поотчетно  работење  на  локалните власти, кон зајакнување на учеството на  граѓаните и бизнис заедницата во донесувањето одлуки на локално ниво, како и кон размената на добрипрактики меѓу локалните самоуправи во земјава. Првата фаза  од  проектот  опфаќа  истражување  на  актуелните  практики на  локалните  самоуправи  во  четири  пилот  општини  во  Источна Македонија.  Целта  на  ова  истражување  е  да  се  дојде  до  релевантниподатоци за задоволство на  граѓаните,  граѓанските здруженија и бизнис заедницата  од  услугите  што  им  ги  нуди  општината,  како  и  да  се детектираат  евентуалните  слабости  во  работењето  на  општините,  а  вонасока на транспарентно, ефикасно и отчетно работење. Задоволството  на  граѓаните, НВО-и  и бизнис  секторот  од  услугите што им ги нудат општините се оценува преку: •  нивната информираност за работата на општината; •  нивната вклученост во донесувањето одлуки; •  можноста  да  укажат  на  слабостите  во  функционирањето  наопштината и на вработените во општинската администрација и •  отчетноста што ја добиваат од општината.Можноста, освен корисниците, и претставниците на општината да дадат свое  гледање за ефикасноста во давањето на услугите овозможи да се дојде до информации за постоењето на соодветен систем, процедури ипостапки со  кои се  гарантира постојаност на  квалитетот...

Индексот на рационалност се изработува преку споредба на цените по коишто различните институции купуваат исти производи, услуги или работи. Индексот на рационалност ќе се изработува квартално и во секој квартал ќе опфаќа максимум по пет различни предмети на набавка.