Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата.
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата.
Работењето на државните претпријатија низ призмата на финансиските индикатори 2015-2019 година
Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно Денес, 13 јануари 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на месечните паушали што им се исплаќаат на општинските советници и претседателите на советите на општините. Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1319-те советници и претседатели на совети изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра. Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат 30 % повисок паушал од советниците. Услов за да се исплати паушалот е во месецот да биде одржана барем една седница. Најголем месечен паушал од една просечна плата од 24 илјади денари добиваат советниците на Град Скопје, но тие одржуваат и најмногу седници во текот на месецот. Од другите општини, највисоко платени се советниците во Кичево кои земаат 19 илјади денари месечно, а најмалку платени се советниците во Вевчани кои земаат малку помалку од 5 илјади денари месечно. Само 12 општини исплатуваат понизок месечен надомест од законскиот максимум, а 15 општини одат дури и над тој лимит. Најмногу седници годишно одржува Град Скопје, лани дури 27, а најмалку 6 одржале во Центар Жупа. Просечно, општинските совети одржувале по 15 седници годишно.
И по речиси две години од примената на новиот Закон за јавните набавки – ефектите сè уште изостануваат. Иако новиот закон беше донесен поради усогласување со последната Директива на ЕУ за јавните набавки и под притисок на бројните критики што доаѓаа од сите страни дека законската рамка е неодржлива, ограничувачка и во многу случаи овозможува злоупотреби – сепак јавните набавки во Северна Македонија се спроведуваат по инерција на главните одредби од тој закон. Новиот закон...
Центарот за граѓански комуникации започна да спроведува ад хок мониторинг на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот уште од почетокот на кризата во март 2020 година, објавувајќи редовни извештаи со наоди и препораки.
Транспарентноста и отчетноста на претпријатијата во сопственост на централната и на локалната власт се во пораст. 30-те најголеми претпријатија во 2020 година објавиле 41 % од информациите, извештаите и документите што треба да ги објават на своите веб-страници.
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“.
ДЦентарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на договорите за јавни набавки поврзани со коронавирусот преку итната постапка со преговарање без објавување оглас.
Најголемо зголемување на вработените во полицијата, а најголемо намалување во одбраната
Истражувањето открива дека во последните две и пол години државните институции набавиле вкупно 392 нови патнички возила за што потрошиле 8,1 милиони евра.
Најниската цена и натаму проблем број 1 за фирмите; 48 % сметаат дека има корупција во набавките
Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 % (од максимално можни 100 %) и според градацијата на нивоата, спаѓа во ’просечна‘ активна транспарентност.
Општинските тендери во 2019 година скокнаа за една третина
Ова е трет извештај на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.
Ова е втор бриф на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.
За да се стесни просторот за можна злоупотреба на и онака скромните јавни ресурси, потребно е да се вложат максимални напори за зголемување на транспарентноста, отчетноста и рационалноста на овие набавки.
Имајќи ја предвид новонастаната состојба со новиот коронавирус Covid-19 и прогласената вонредна состојба во земјава, се укажува потреба од серија непланирани јавни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од новиот коронавирус Covid-19.
Имаме 536 пожарникари помалку од законски потребните
Во Брифот за медиумите е даден краток осврт на јавните набавки во Северна Македонија во 2019 година, како и осврт и споредба со набавките на земјите од регионот на Западниот Балкан.
Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци за сите тендери на локалните власти за новогодишно украсување за дочекот на 2020 година.
Старите навки – посилни од новиот закон за јавните набавки
По критиките што доаѓаа од сите засегнати страни – стариот и нефункционален Закон за јавните набавки, што се применуваше од 2008 година и којшто многупати беше менуван и дополнуван – конечно беше заменет со целосно нов Закон, којшто беше донесен во јануари 2019 година, а почна да се применува од 1 април 2019 година.
Транспарентноста не е доволна за подобрување на состојбата во јавните набавки. Објавувањето повеќе информации и документи во врска со тендерите во последните неколку години придонесе кон зголемена транспарентност на системот на јавни набавки во земјава, но овој тренд не беше проследен и со унапредување на интегритетот и отчетноста на институциите при спроведување на тендеритe.
Овој документ за јавни политики го претставува концептот на користење на обемните бази на податоци во антикорупцијата, начинот на негова примена, добрите страни и предизвиците, со посебен осврт на состојбата во Република Северна Македонија
Транспарентноста е општоприфатен основен принцип на јавните набавки. Таа ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција.
Сите општински тендери за 2018 година: Град Скопје троши за јавни набавки колку 46 други општини заедно
Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија објавуваат јавен повик за доделување грантови за граѓански организации. Целта е да се даде придонес кон намалување на корупцијата во бизнис-секторот во земјава, преку заедничко делување на сите релевантни чинители од јавниот сектор, приватниот сектор и од граѓанското општество....
Владата и единиците на локалната самоуправа немаат официјален документ што го регулира процесот на селекција на членовите на раководните органи на претпријатијата што ги основаат.
Целосната анализа е достапна тука. Јавните набавки се една од сферите што се најподложни на корупција бидејќи во нив циркулираат многу пари и директно учествуваат многу чинители. По долгогодишните критики за широкораспространета корупција во јавните набавки во земјава, дури година и половина по смената на власта, донесен е целосно нов Закон за јавните набавки, со кој требаше да се изврши хармонизирање со новите директиви на ЕУ во оваа сфера, но и да се стесни просторот за...
Базата на податоци открива дека во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции. Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53% се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција.
Овој повик за учество на обука се однесува на локални граѓански организации кои ги исполнуваат следниве критериуми: 1) да се регистрирани во Северна Македонија; 2) да се активни во период подолг од една година; 3) да се непрофитна организација; 4) да имаат годишен обрт на средства до 50.000 евра. Цел на обуката: Со оваа обука сакаме да ги зголемиме капацитетите на локалните граѓански организации во државите од Западен Балкан и да овозможиме тие активно да...
Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините.
Ве покануваме да учествувате во една од трите работилници наменети за граѓанските организации-ГО на тема Намалување на корупцијата во бизнис секторот. Работилниците се дел од ЕУ проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, а се организирани од Центарот за граѓански комуникации во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници. Иако бизнис секторот е еден од клучните чинители и засегната страна во справувањето со корупцијата, државните претпријатија и приватните фрими во земјава досега не се вклучени систематски во активности за борба против корупцијата. Трите работилници кои ќе следуваат имаат за цел да придонесат кон градење на капацитетот на локалните ГО за нивно активно вклучување во спречувањето на корупцијата во бизнис секторот. Намерата е ГО да стекнат поголемо познавања за корупцијата и пристапите за нејзино спречување и да се утврдат нивните потреби за тие да добијат ефективна улога во справувањето со корупцијата во бизнис секторот. Работилниците исто така ќе бидат можност организациите да се запознаат подетално со проектот, со методологиите и алатките развиени како дел од проектот и со претстојниот повик за мали грантови наменети за оценка на практиките во локалните јавни претпријатија. Работилниците ќе се одржат во следните термини и локации: 5 Јуни 2019, во Велес (ресторан Глориус) 6 Јуни 2019, во Битола (хотел Милениум) 7 Јуни 2019, во Тетово (хотел Лирак) Работилниците започнуваат во 10:00 часот, а за точните локации ќе бидете известени дополнително. Нацрт програмата за работилниците е тука. За учество во работилниците потребно е да испратите пополнета пријава на mmitevski@ccc.org.mk најдоцна до 05...
Резултати од мониторингот на јавни набавки и најновата анкета меѓу фирмите.
Планирањето на јавните набавки во Македонија: Помеѓу потребите и реалноста Планирањето на јавните набавки во Македонија: Помеѓу потребите и реалноста – Состојба, проблеми што треба да се надминат и предлози за унапредување на фазата на планирање на јавните набавки.
Центарот за граѓански комуникации ја објави базата на податоци за сите тендери на локалните власти за новогодишно украсување за дочекот на 2019 година.
Центарот за граѓански комуникации го објави истражувањето Транспарентност и отчетност на претпријатијата во државна сопственост
Видео-порака од коалицијата Балкан Тендер Воч
Сумирани информации за главните карактеристики на јавните набавки во земјава за 2017/2018, борбата против корупцијата во јавните набавки, како и споредбени показатели и трендови за земјите од регионот.
Состојбата со јавните набавки во Македонија во 2018 година се наоѓа меѓу сè уште важечкиот „стар“ и многу критикуван Закон за јавните набавки и изработениот „нов“ закон, којшто би требало да ги „поправи“ работите, но сe уште чека на усвојување.
Коментари и предлози за подобрување на Нацрт-законот за јавните набавки
Министерствата и општините поседуваат вкупно 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност.
Извештај од мониторингот на јавните набавки на локално ниво бр.11
Многу ниска конкуренција на локалните тендери
Центарот за граѓански комуникации денеска го објави Индексот на активна транспарентност за 2018 година, што значи објавување јавни информации на сопствена иницијатива на институциите.
Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2018 година се задржа на ниско ниво. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 43,5% (од можни 100%).
’Најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите.
Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јули-декември 2017 година и приказ на клучните состојби за цела 2017 година.
Повик за доделување грантови на граѓански организации
Транспарентноста е општоприфатен основен принцип на јавните набавки. Таа ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција во јавните набавки.
Истражување, рангирање и анализа на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на институциите во Македонија при спроведување на јавните набавки.
Седумнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за: летни работни униформи; зимски работни униформи; работни обувки-кломпи; одржување хигиeна во внатрешни работни површини и системи за инфузија.
Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 17 во кој се споредени цените по кои се купувани зимски и летни работни униформи што се дел од личната заштитна опрема (ХТЗ-опрема) кај комуналните претпријатија, потоа цените за набавка на кломпи, кои како работни обувки најчесто ги купуваат детските градинки, следува одржување хигиена во внатрешни работни простории во различни државни институции и системи за инфузија кои ги купуваат здравствените установи.
Со последната обука за истражувачко новинарство во новите медиуми, која се одржа на крајот од јануари, се заокружи циклусот од десет напредни обуки на кои вкупно 96 новинари од 55 медиуми од целата земја стекнаа нови знаења и подобрени вештини за истражување и известување за најважните теми во општеството.
Во дури 35% од мониторираните тендери има отфрлање на дел од понудите бидејќи се оценети како неприфатливи. Ова дополнително ја влошува конкуренцијата на тендерите.
Сумирани информации за главните карактеристики на јавните набавки во земјава за 2017/2018, борбата против корупцијата во јавните набавки, како и споредбени показатели и трендови за земјите од регионот.
Мониторингот ги опфаќа истражувачките и аналитичките написи објавени во медиумите и има за цел да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации кои ќе дадат оцена на застапеноста и квалитетот на истражувачките и аналитичките новинарски текстови.
Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво
Третина тендери со еден или ниту еден понудувач.
Речиси секој трет тендер е со еден понудувач
Со ова истражување, за прв пат во Македонија, на едно место се претставени сумарни и поединечни податоци за средствата доделени од општините на невладините организации, листата на добитниците на проектите, како и транспарентноста на целиот процес од објавувањето оглас до реализацијата на проектите.
Соопштение за медиуми
Воспоставениот механизам за истражување на пазарот и за добивање согласности од советот за јавни набавки не ги дава очекуваните ефекти.
Целта на овој Прирачник е да придонесе за посеопфатно и поквалитетно планирање и управување со јавните средства за задоволување на вистинските потреби и интереси на граѓаните од регионот на Западниот Балкан.
Паралелно со новите предизвици, во Центарот за граѓански комуникации ќе останеме посветени кон надградба на она што го работевме досега.
Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од истражувањето на т.н. активна транспарентност на институциите што значи објавување јавни информации на сопствена иницијатива. Рангирањето ги опфаќа сите 81 општина и градот Скопје, 15-те министерства и Владата на РМ.
Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво
Секој четврти мониториран тендер е со еден понудувач. Ниското ниво на конкуренција дополнително е нарушено со исклучување на фирмите од евалуација.
Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки за периодот јули – декември 2015 година, кој ги содржи и резултатите од истражувањето на 254 фирми и анализата на жалбените постапки.
Центарот за граѓански комуникации во партнерство со Балканската истражувачка репортерска мрежа и НВО Инфоцентарот започна со спроведувањето на тригодишниот проект, поддржан финансиски Европската унија „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“.
Опаѓа и онака малата конкуренција кај локалните тендери.
Во дури 26% од тендерите кои беа предмет на мониторинг имало само по една доставена понуда, додека во 19% се доставени по две понуди. Задоволително ниво на конкуренцијата, со доставени понуди од три или повеќе фирми, беше евидентирано во половина од тендерите кои беа предмет на мониторинг (51%).
Конкуренцијата на тендерите останува ниска.
Индекс на рационалност бр. 13 СКОПЈЕ, 25 август 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 13 во кој се споредени цените по кои се купувани авионска дезинсекција на комарци, системи за електронска евиденција на работното време, контејнери за отпад, собирање, транспорт и уништување на медицински отпад и пилешки стек. Најголема разлика во цените е евидентирана во набавката на системите за електронска евиденција на работно време, а најмала кај...
Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр. 12 кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале сообраќајни знаци, обележување на улици, фискални апарати, камери за видео надзори и финансиска ревизија.
Дванаесетиот индекс на рационалност е изработен за: вертикална сообраќајна сигнализација (сообраќајни знаци); хоризонтална сообраќајна сигнализација (обележување улици); фискални апарати; надворешни камери за видеонадзор и финансиска ревизија.
Правната заштита во јавните набавки треба да им овозможи на оштетените понудувачи брзо, ефикасно, транспарентно и недискриминаторско преиспитување на постапката и соодветни правни лекови.
Предлози за измени и дополнувања на Законот за јавните набавки 2015
Центарот за граѓански комуникации го издаде второто, изменето издание на Препораките за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки.
Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа второто полугодие од 2014 година.
Советот за јавни набавки во првите месеци од работата го зголеми административното оптоварување во спроведувањето на тендерите, но не и конкуренцијата.
Јавните набавки на општините во 2013 година од 2 до 276 евра по жител.
Проценетата вредност на набавките – жежок костен за договорните органи.
Денеска во Скопје се одржа конференција за актуелните состојби во сферата на јавните набавки во Македонија и во земјите од регионот. Повод за дискусија беа резултатите од споредбената анализа на спроведувањето на јавните набавки во четири земји од регионот – Македонија, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора
Центарот за граѓански комуникации денеска гo објави мониторинг извештајот во кој е содржано истражување на фирмите за нивното искуство во јавните набавки и споредбена анализа за правната заштита во постапките за јавни набавки и за административните трошоци за остварување на правната заштита
Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од октомври 2013 до март 2014 година
Претставници на стотина фирми од 35 општини од источниот, југоисточниот, североисточниот и од вардарскиот регион учествуваат на повеќедневната годишна конференција на микропретпријатија за јавните набавки која се одржува во Струмица. Целта на конференцијата е да се унапредат знаењата на микропретпријатијата за учество во јавните набавки, како и да се остварат неопходните контакти за нивно идно здружување за заеднички и посилен настап на пазарот на јавните набавки.
Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр.11 кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале електрична енергија, вакцина против тетанус, асфалтирање на улици, ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти и ангажирање работници за уривање на бесправно изградени објекти.
Сопрен е неколкугодишниот пад на бројот на жалбите доставени од фирмите до Државната комисија за жалби по јавни набавки (ДКЖЈН).
Само во првиот квартал од 2014 година, преку постапката со преговарање без претходно објавување оглас се склучени 228 договори во вредност од 19,3 милиони евра.
Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки го одбележа денеска во Куманово проширувањето на услугите на центарот во Велес во североисточниот регион.
Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од Mониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од октомври до декември 2013 година, како и Индексот на рационалност бр.10. Некои од клучните наоди од мониторингот на постапките за јавни набавки се: Конкуренцијата во јавните набавки во 2013 год. остана ниска.
Малите фирми сметаат дека задоцнетото плаќање, кратките рокови и условите за учество се главни проблеми во набавките на локално ниво.
За 52% е зголемена вредноста на јавните пари потрошени преку постапката со преговарање без претходно објавување оглас, во периодот од јули до септември 2013 година во однос на истиот период лани.
Со одржување на состанокот во Кочани, заврши серијата работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините во вардарскиот и источниот регион за примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Препораките беа издадени во почетокот на 2013 година до повеќе од 200 локални институции од 21 општина.
КАВАДАРЦИ, 5.11.2013 – Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки започнува серија работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините од Вардарскиот и Источниот регион во однос на примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Првиот од серијата состаноци се одржа со претставниците на договорните органи од општина Кавадарци на 5.11.2013 год. (вторник) во салата на општина Кавадарци. За време на состанокот се разговараше...
Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од мониторингот на постапките за јавни набавки во Македонија кој го опфаќа периодот од април до јуни 2013 година како и Индексот на рационалност бр.9.
Претставници на 90-тина фирми од речиси сите општини од источниот и вардарскиот регион учествуваат на повеќедневната годишна конференција на микропретпријатија за јавните набавки која се одржува во Струмица. Целта на конференцијата е да се унапредат знаењата на микропретпријатијата за учество во јавните набавки, како и да се остварат неопходните контакти за идно здружување на микропретпријатијата за заеднички и посилен настап на пазарот на јавните набавки.