Elmir Fakic

Милионски загуби, долгови и блокирани сметки – финансиски  биланси на локалните јавни претпријатија

Денес, 11 декември 2025 година, Центарот за граѓански комуникации ги објави истражувањето и базата на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во земјава. Истражувањето открива дека: Загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија во земјава, односно 71 од 128-те претпријатија. Вкупниот износ на загубите изнесува 17 милиони евра. На првите три места според загубите се скопски, а на третото и четвртото место се битолски јавни претпријатија. Во последните години растат и...

Активната транспарентност на министерствата е намалена, а на општините е на исто ниво како и лани

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2025 година изнесува 80 % (од максимално можни 100 %), исто колку што изнесуваше и минатата година.

Истражување на капацитетите на инспекциските служби во општините

Истражувањето можете да го прочитате на македонски, албански и англиски јазик со кликнување на соодветната слика.     Целта на истражувањето е согледување на состојбите со инспекцискиот надзор во единиците на локална самоуправа. Истражувањето е поттикнато од ризиците од корупција поврзани со  инспекцискиот надзор кои ја наметнуваат неопходноста од анализирање на постоечките практики, детектирање на проблемите и изготвување соодветни препораки со цел зголемување на  транспарентноста и интегритетот на овие процедури. Ова истражување е спроведено во осум таргетирани...

Истражување на продажбата на државно градежно земјиште

Ниту една од мониторираните општини не презема други активности за информирање на граѓаните, односно донесените одлуки за продажба на земјиште и склучените договори со купувачите не ги објавуваат ниту на своите веб-страници.

Индекс на активна транспарентност 2024 година

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2024 година изнесува 80% (од максимално можни 100%) и во однос на лани е подобрена за 4 про- центни поени (од 76% на 80%).

Рангирање на институциите според антикорупциските перформанси во јавните набавки

Вредноста на јавните набавки во Република Северна Македонија учествува во Буџетот на државата со 24%, а во бруто домашниот производ со 8 %. Јавните набавки, чија вредност на годишно ниво надминува 1 милијарда евра, се особено подложни на корупција.

Индекс на активна транспарентност 2022 година Денес, 18 август 2022 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: – Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 % (од максимално можни 100 %). – Во однос на...

Индекс на активна транспарентност 2020 година Денес, 19 јуни 2020 година, Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2020 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: – Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 % (од максимално можни 100 %) и според...

Транспарентноста е општоприфатен основен принцип на јавните набавки. Таа ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција.

Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2018 година се задржа на ниско ниво. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 43,5% (од можни 100%).

Седумнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: летни работни униформи; зимски работни униформи; работни обувки-кломпи; одржување хигиeна во внатрешни работни површини и системи за инфузија Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2016 и во 2017 година. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на...

Шеснаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: електрична енергија; миење патнички возила; писмен превод; ангажирање агенција за привремени вработувања и поставување бехатон-плочки. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2015 и во 2016 година. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на локално ниво коишто...

Петнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: индустриска сол (рефус и пакувана во вреќи), клима-уреди, хартија за печатење и фотокопирање, масло за горење – екстра лесно ЕЛ 1 и РТГ – филмови за рендген-снимки. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво што имале ваков видна набавки во 2015 и во 2016 година. Во изработката на индексот...

Четиринаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: метални архивски ормани, јаглен, училишни столчиња, заштитни гумени чизми и чистење речни корита. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2014 и 2015 година. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 70 институции, кои за набавките на овие стоки и услуги спровеле...

Јавните набавки во Македонија со години претставуваат една од најзначајните економски активности, низ која државните институции купуваат стоки, услуги и работи во вредност што достигнува речиси една милијарда евра (2014 год.), односно 12 проценти од бруто домашниот производ на земјата.

Во дури 26% од тендерите кои беа предмет на мониторинг имало само по една доставена понуда, додека во 19% се доставени по две понуди. Задоволително ниво на конкуренцијата, со доставени понуди од три или повеќе фирми, беше евидентирано во половина од тендерите кои беа предмет на мониторинг (51%).

Индекс на рационалност бр. 13 СКОПЈЕ, 25 август 2015 година – Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 13 во кој се споредени цените по кои се купувани авионска дезинсекција на комарци, системи за електронска евиденција на работното време, контејнери за отпад, собирање, транспорт и уништување на медицински отпад и пилешки стек. Најголема разлика во цените е евидентирана во набавката на системите за електронска евиденција на работно време, а најмала кај...

Тринаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови  производи и услуги: авионска дезинсекција на комарци, систем за електронска евиденција на работното време, контејнери за отпад, собирање, транспoрт и уништување на медицински отпад и пилешки стек. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013, 2014 и 2015 година. Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа...

Дванаесетиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови  производи и услуги: вертикална сообраќајна сигнализација (сообраќајни знаци); хоризонтална сообраќајна сигнализација (обележување улици); фискални апарати; надворешни камери за видеонадзор и финансиска ревизија. Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво кои имале ваков вид на набавка во 2013 и 2014 година. Во изработката на индексот на рационалност иницијално беа вклучени 70 институции на национално...

Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави резултатите од редовниот мониторинг на постапките за јавни набавки спроведени од институции на локално ниво во периодот од април до септември 2014 година

Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалноста бр.11 кој e изработен со споредба на цените по кои се купувале електрична енергија, вакцина против тетанус, асфалтирање на улици, ангажирање механизација за уривање на бесправно изградени објекти и ангажирање работници за уривање на бесправно изградени објекти.

КАВАДАРЦИ, 5.11.2013 – Проектот на УСАИД за пристап на микропретпријатијата до јавните набавки започнува серија работни состаноци со претставниците на договорните органи од општините од Вардарскиот и Источниот регион во однос на примената на Препораките за олеснување на пристапот на малите и микропретпријатијата до јавните набавки. Првиот од серијата состаноци се одржа со претставниците на договорните органи од општина Кавадарци на 5.11.2013 год. (вторник) во салата на општина Кавадарци. За време на состанокот се разговараше...