News

Magazine archive

Редовен, годишен извештај во сенка за состојбата во јавните набавки во Северна Македонија. И по речиси две години од примената на новиот Закон за јавните набавки – ефектите сè уште изостануваат. Иако новиот закон беше донесен поради усогласување со последната Директива на ЕУ за јавните набавки и под притисок на бројните критики што доаѓаа од сите страни дека законската рамка е неодржлива, ограничувачка и во многу случаи овозможува злоупотреби – сепак јавните набавки во Северна...

Центарот за граѓански комуникации започна да спроведува ад хок мониторинг на итните јавни набавки поврзани со коронавирусот уште од почетокот на кризата во март 2020 година, објавувајќи редовни извештаи со наоди и препораки.

Новиот Закон за слободен пристап до информациите од јавен карактер беше донесен на 16 мај 2019 година, а почна да се применува на 30 ноември 2019 година.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“.

ДЦентарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на договорите за јавни набавки поврзани со коронавирусот преку итната постапка со преговарање без објавување оглас.

Честите поништувања на тендерите, причините за поништувањето и големината на тендерите за кои се носат вакви одлуки ја птвораат дилемата дали со поништувањата се прикриваат слабостите во спроведувањето на постапките за јавни набавки или, пак, манипулациите.

Анализата се осврнува на одлуките кои Државната комисија за спречување на корупцијата ги донела по постапувањето во согласност со своите надлежности по предметите во врска со јавните набавки во првата половина од 2020 година. Јавните набавки се посочени како една од приоритетните хоризонтални области во борбата против корупцијата и судирот на интереси. Според достапните податоци од извештаите на Бирото за јавни набавки и отворените податоци на Електронскиот систем за јавни набавки, во изминатите три години...

Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 % (од максимално можни 100 %) и според градацијата на нивоата, спаѓа во ’просечна‘ активна транспарентност.

Индекс на активна транспарентност 2020 година Денес, 19 јуни 2020 година, Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2020 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: – Активната транспарентност на сите 98 вклучени институции (министерствата, Владата и општините) за 2020 година изнесува 58,2 % (од максимално можни 100 %) и според...

Ова е трет извештај на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.

Ова е втор бриф на Центарот за граѓански комуникации за итните јавни набавки поврзани со заштита од новиот корона вирус, заедно со базите на податоци на сите склучени договори и одлуките за избор на најповолна понуда.

Состојбата со новиот коронавирус Covid-19 и прогласената вонредна состојба во земјава наметнуваат потреба од итни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од овој вирус.

Имајќи ја предвид новонастаната состојба со новиот коронавирус Covid-19 и прогласената вонредна состојба во земјава, се укажува потреба од серија непланирани јавни набавки на стоки, услуги и работи поврзани со заштита и превенција на ширењето на заразата од новиот коронавирус Covid-19.

Во Брифот за медиумите е даден краток осврт на јавните набавки во Северна Македонија во 2019 година, како и осврт и споредба со набавките на земјите од регионот на Западниот Балкан.  

ТВ 21 | 31.12.2020 | Новата 2021, година на надеж, но и неизвесност – ја испраќаме најтешката година на економски план ПИНА | 31.12.2020 | Итни договори и тендери со еден понудувач – чести за време на кризата со корона 24 ВЕСТИ | 29.12.2020 | ЦГК: 15 директори на јавни претпријатија да добијат отказ ТЕРА | 29.12.2020 | ЦГК: Поголем напредок во транспарентноста имаат претпријатијата основани од општините од оние основани од владата МИА |...

Старите навики се посилни од новиот Закон за јавните набавки. ’Најниската ценаʻ и електронската аукција остануваат неприкосновени и во првите три месеци од примената на Законот.

Активноста „Јавно трошење за јавно добро“ е поддржана од Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Целта на оваа активност е зголемување на ефективноста на јавното трошење преку намалување на корупцијата и зголемување на транспарентноста.

По критиките што доаѓаа од сите засегнати страни – стариот и нефункционален Закон за јавните набавки, што се применуваше од 2008 година и којшто многупати беше менуван и дополнуван – конечно беше заменет со целосно нов Закон, којшто беше донесен во јануари 2019 година, а почна да се применува од 1 април 2019 година.

Честото поништување на тендерите е еден од најголемите и најдолготрајните проблеми во системот на јавни набавки во земјава. Фактот дека се поништува секој четврти тендер ја става земјата на светскиот врв по уште еден, неславен, феномен во јавните набавки.

Честото поништување на тендерите е еден од најголемите и најдолготрајните проблеми во системот на јавни набавки во земјава. Фактот дека се поништува секој четврти тендер ја става земјата на светскиот врв по уште еден, неславен, феномен во јавните набавки.

Транспарентноста не е доволна за подобрување на состојбата во јавните набавки. Објавувањето повеќе информации и документи во врска со тендерите во последните неколку години придонесе кон зголемена транспарентност на системот на јавни набавки во земјава, но овој тренд не беше проследен и со унапредување на интегритетот и отчетноста на институциите при спроведување на тендеритe.

Како што дигиталната технологија во светот се развива и станува нераскинлив дел од животот и работењето, така големите бази на податоци со коишто располагаат земјите (особено јавната администрација) стануваат клучно јавно добро за зајакнување на антикорупциските напори.

Овој документ за јавни политики го претставува концептот на користење на обемните бази на податоци во антикорупцијата, начинот на негова примена, добрите страни и предизвиците, со посебен осврт на состојбата во Република Северна Македонија

Транспарентноста е општоприфатен основен принцип на јавните набавки. Таа ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција.

Транспарентност, отчетност и интегритет во јавните набавки – 2019 година

Транспарентноста е општоприфатен основен принцип на јавните набавки. Таа ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници во рамките на проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и во приватниот бизнис-сектор“, финансиран од Европската Унија објавуваат јавен повик за доделување грантови за граѓански организации. Целта е да се даде придонес кон намалување на корупцијата во бизнис-секторот во земјава, преку заедничко делување на сите релевантни чинители од јавниот сектор, приватниот сектор и од граѓанското општество....

Целта на овој документ е да направи проценка дали и во кој обем јавноста и надлежните институции ја следат работата на државните претпријатија во земјата. Притоа, фокусот ќе биде ставен на два значајни аспекти од надзорот. Првиот, надзорот од јавноста преку поактивната и реактивната транспарентност на претпријатијата во државната сопственост. Вториот аспект се однесува на надзорот од надлежните институции како Државниот завод за ревизија (ДЗР) и Државната комисија за спречување корупција (ДКСК). Во однос на...

Целосната анализа е достапна тука. Јавните набавки се една од сферите што се најподложни на корупција бидејќи во нив циркулираат многу пари и директно учествуваат многу чинители. По долгогодишните критики за широкораспространета корупција во јавните набавки во земјава, дури година и половина по смената на власта, донесен е целосно нов Закон за јавните набавки, со кој требаше да се изврши хармонизирање со новите директиви на ЕУ во оваа сфера, но и да се стесни просторот за...

Базата на податоци открива дека во земјава има вкупно 183 амбулантни возила, со кои располагаат 47 здравствени институции. Просечната старост на овие возила се 11 години и дури 53% се добиени како донација или на користење од друга здравствена институција.

Овој повик за учество на обука се однесува на локални граѓански организации кои ги исполнуваат следниве критериуми: 1) да се регистрирани во Северна Македонија; 2) да се активни во период подолг од една година; 3) да се непрофитна организација; 4) да имаат годишен обрт на средства до 50.000 евра. Цел на обуката: Со оваа обука сакаме да ги зголемиме капацитетите на локалните граѓански организации во државите од Западен Балкан и да овозможиме тие активно да...

Активната транспарентност на министерствата и на општините и во 2019 година останува на ниско ниво, иако е порасната во однос на лани. Процентот на исполнетост на обврските за проактивно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 56% (од можни 100%) и е зголемен за 12,5 процентни поени во однос на лани (кога просечно изнесуваше 43,5%). Трета година по ред, проактивното објавување информации на министерствата е во пораст и тие се значително подобри од општините кои, пак, по двегодишно влошување, првпат бележат подобрување во активната транспарентност. Просечната активна транспарентност на министерствата изнесува 77,6%, додека на општините 51,7%. Битола го задржа севкупното прво место од лани, додека од министерствата, годинава најдобро рангирано е Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на второто место. Во однос на регионите, Источниот Регион му го зазеде ланскиот примат на Пелагонискиот Регион, додека Скопскиот Регион падна на последното место. Најмалку информации, и министерствата и општините, објавуваат за финансиите, и тоа министерствата 57%, а општините само 26% од информациите што треба да ги објавуваат. Кога станува збор за одговор на барањата за слободен пристап до информациите од јавен карактер што им беа испратени на сите во ист ден и со иста содржина, општините одговорија во просек за 21 ден (лани за 20 дена), а министерствата за 34 дена (лани за 41 ден). Но, за разлика од лани кога одговорија сите институции, годинава дури 12% од институциите не одговорија на барањата.

Центарот за граѓански комуникации го објави рангирањето на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер изработен во март 2019 година, во кое се вклучени сите министерства, Владата и општините.

Ве покануваме да учествувате во една од трите работилници наменети за граѓанските организации-ГО на тема Намалување на корупцијата во бизнис секторот. Работилниците се дел од ЕУ проектот „Зајакнување на интегритетот и намалување на корупцијата во државниот и приватниот бизнис – сектор“, а се организирани од Центарот за граѓански комуникации во соработка со Здружението Конект и Здружението на даночни советници. Иако бизнис секторот е еден од клучните чинители и засегната страна во справувањето со корупцијата, државните претпријатија и приватните фрими во земјава досега не се вклучени систематски во активности за борба против корупцијата. Трите работилници кои ќе следуваат имаат за цел да придонесат кон градење на капацитетот на локалните ГО за нивно активно вклучување во спречувањето на корупцијата во бизнис секторот. Намерата е ГО да стекнат поголемо познавања за корупцијата и пристапите за нејзино спречување и да се утврдат нивните  потреби за тие да добијат ефективна улога во справувањето со корупцијата во бизнис секторот. Работилниците исто така ќе бидат можност организациите да се запознаат подетално со проектот, со методологиите и алатките развиени како дел од проектот и со претстојниот повик за мали грантови наменети за оценка на практиките во локалните јавни претпријатија. Работилниците ќе се одржат во следните термини и локации: 5 Јуни 2019, во Велес (ресторан Глориус) 6 Јуни 2019, во Битола (хотел Милениум) 7 Јуни 2019, во Тетово (хотел Лирак) Работилниците започнуваат во 10:00 часот, а за точните локации ќе бидете известени дополнително. Нацрт програмата за работилниците е тука. За учество во работилниците потребно е да испратите пополнета пријава на mmitevski@ccc.org.mk најдоцна до 05...

Центарот за граѓански комуникации го објави извештајот од мониторингот на јавните набавки во земјата за периодот јули-декември 2018 година, како и резултатите од анкетата на фирмите за нивното искуство при учеството на тендерите.

Зачестено се спроведуваат големи тендери кои не се делат на лотови, и со тоа се оневозможува конкуренција помеѓу фирмите, односно се доведува во прашање рационалното и ефикасното искористување на средствата.

Центарот за граѓански комуникации објавува оглас за ангажирање на програмски асистент во организацијата.Потребни квалификации: »   Искуство во IT област;»   Добро познавање на data scraping и data processing;»   Одлични вештини за визуелизација на податоци и користење на алатки за визуелизација;»   Познавање од бази на податоци;»   Одржување (дополнување, промени и надградба) на веќе постоечки веб сајтови изработен во Wordpress и Joomla и одржување на сајт со имплементирана Open Data функционалност;»   Познавање на хардверски компоненти и мрежни системи;»   Одлично познавање на MS Office;»   Одлично познавање на пишан и говорен англиски јазик. Ќе се смета за предност IT образование, работно искуство во граѓанскиот сектор, истражувања или визуелизација на податоци. Работното место е на неопределено време, но со пробен период од три месеци, бруто платата е 700 евра.Биографиите и портфолија (за докажување на претходното искуство) да се испратат на: jobs@ccc.org.mk. Рок за пријавување: 20.04.2019 година. Само кандидатите кои ќе поминат во вториот круг ќе бидат контактирани.

Вредноста на јавните набавки во земјава на годишно ниво се движи меѓу 600 милиони и речиси една милијарда евра, со што учеството на набавките во бруто домашниот производ на земјата изнесува меѓу 6% и 10%.

Планирањето на јавните набавки во Македонија: Помеѓу потребите и реалноста Планирањето на јавните набавки во Македонија: Помеѓу потребите и реалноста – Состојба, проблеми што треба да се надминат и предлози за унапредување на фазата на планирање на јавните набавки.

Тендерите, како што популарно се нарекуваат јавните набавки, се област која е една од најподложните, ако не и најподложна на корупција.

Тендерите, како што популарно се нарекуваат јавните набавки, се област која е една од најподложните, ако не и најподложна на корупција.

КАНАЛ 5, 30.12.2019, Истражување ЦКГ: Старите навики посилни и покрај новиот закон за јавните набавки МРТ, 30.12.2019, Старите навики посилни од новиот Закон за јавни набавки МЕТА, 30.12.2019, Јавни набавки: Секој трети тендер со само една понуда, секој четврти поништен СЛОБОДЕН ПЕЧАТ, 30.12.2019, ЦГК: Секој четврти тендер е целосно или делумно поништен ФОКУС, 30.12.2019, ЦГК: На една третина од тендерите се јавил само еден понудувач, а секој четврти тендер бил поништен ВЕЧЕР, 30.12.2019, Секој четврти...

Состојбата со јавните набавки во Македонија во 2018 година се наоѓа меѓу сè уште важечкиот „стар“ и многу критикуван Закон за јавните набавки и изработениот „нов“ закон, којшто би требало да ги „поправи“ работите, но сe уште чека на усвојување во Собранието на РМ.

Сумирани информации за главните карактеристики на јавните набавки во земјава за 2017/2018, борбата против корупцијата во јавните набавки, како и споредбени показатели и трендови за земјите од регионот    

Проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ опфаќа активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис-секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата.

Проектот „Интегритет и антикорупција во бизнис-секторот“ опфаќа активности за зајакнување на влијанието на граѓанското општество врз намалување на корупцијата во бизнис-секторот, преку подобрување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на државните претпријатија и зголемување на учеството на приватниот сектор во борбата против корупцијата. Се очекува, проектот да резултира со следниве резултати: Идентификувани генератори на корупцијата, ранливите области и активностите подложни на корупција во државните претпријатија; Креирана алатка за оценка на ризиците од корупција во државните претпријатија;...

Министерствата и општините поседуваат вкупно 2.645 автомобили, од кои 2.008 се со набавна вредност од 33 милиони евра, додека за 637 патнички возила институциите немаат или не доставиле податоци за набавната вредност.

Целта на овој Прирачник е да придонесе за посеопфатно и поквалитетно планирање и управување со јавните средства за задоволување на вистинските потреби и интереси на граѓаните од регионот на Западниот Балкан.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) редовно го мониторира спроведувањето на јавните набавки во земјава, почнувајќи од 2008 година, од кога се применува и новиот Закон за јавните набавки, изработен според Директивите на Европската комисија.

Општото ниво на активната транспарентност во Македонија во 2018 година се задржа на ниско ниво. Процентот на исполнетост на обврските за активно објавување на информациите кај сите 97 вклучени институции изнесува 43,5% (од можни 100%).

’Најниската цена‘ како единствен критериум за доделување договор за јавни набавки, задоцнетото плаќање и потребната обемна документација за учество на тендерите се главните проблеми во јавните набавки што ги посочуваат фирмите.

Центарот за граѓански комуникации денеска го објави извештајот од следењето на јавните набавки спроведени од институциите на централно ниво за периодот јули-декември 2017 година и приказ на клучните состојби за цела 2017 година.

Проектот го спроведуваат во партнерство: Фондацијата за отворено општество Србија (како водечка организација) и Фондот отворено општество Босна и Херцеговина, Косовската Фондација за отворено општество, Центарот за граѓански комуникации, Македонија и Мрежата за афирмација на НВО секторот-МАНС, Црна Гора. Проектот е финансиран од Европската Унија во рамките на програмата за „Консолидирање на тематски регионални мрежи на организации од граѓанското опшество“. Проектот го зголеми влијанието на граѓанското општество од земјите од Западниот Балкан врз антикорупциските политики и практики за...

Транспарентноста е општоприфатен основен принцип на јавните набавки. Таа ја унапредува конкуренцијата, ја зголемува ефикасноста на потрошените средства и ги намалува заканите од корупција во јавните набавки.

Седумнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за: летни работни униформи; зимски работни униформи; работни обувки-кломпи; одржување хигиeна во внатрешни работни површини и системи за инфузија.

Центарот за граѓански комуникации денеска го објавува Индексот на рационалност бр. 17 во кој се споредени цените по кои се купувани зимски и летни работни униформи што се дел од личната заштитна опрема (ХТЗ-опрема) кај комуналните претпријатија, потоа цените за набавка на кломпи, кои како работни обувки најчесто ги купуваат детските градинки, следува одржување хигиена во внатрешни работни простории во различни државни институции и системи за инфузија кои ги купуваат здравствените установи.

Седумнаесеттиот индекс на рационалност е изработен за следниве пет видови производи и услуги: летни работни униформи; зимски работни униформи; работни обувки-кломпи; одржување хигиeна во внатрешни работни површини и системи за инфузија Во изработката на индексот на рационалност за овие производи и услуги беа вклучени институции на национално и на локално ниво коишто имале ваков вид набавка во 2016 и во 2017 година. Во изработката на индексот на рационалност беа вклучени 48 институции на национално и на...

Со последната обука за истражувачко новинарство во новите медиуми, која се одржа на крајот од јануари, се заокружи циклусот од десет напредни обуки на кои вкупно 96 новинари од 55 медиуми од целата земја стекнаа нови знаења и подобрени вештини за истражување и известување за најважните теми во општеството.

Коха, 18.12.2018, Sistemi Jofunksional Телма, 16.12.2018, Јавните набавки меѓу старото и новото законско решение Коха, 14.12.2018, Vullneti politik dhe transparenca, te pamjaftueshme Миа, 13.12.2018, Жбогар: Ниту една земја не е имуна на корупција, разликата е во политичката волја да се спречи тоа Канал 5, 13.12.2018, Ниту една земја не е имуна на коруција, разликата е во поличката волја да се спречи тоа Сител, 13.12.2018, Регионална конференција за состојбите во јавните набавки 1 ТВ, 13.12.2018, Жбогар:...

Мониторингот на медиумите за процена на квантитетот и квалитетот на истражувачкото и аналитичкото новинарско известување се спроведува во рамките на проектот „Истражувачко новинарство за поттикнување реформи“, финансиран од Европската Унија.

Ова е втор ваков мониторинг на медиумите, по оној во 2016 година. Мониторингот ги опфаќа истражувачките и аналитичките написи објавени во медиумите и има за цел да обезбеди доволно, квалитетни и релевантни информации кои ќе дадат оцена на застапеноста и квалитетот на истражувачките и аналитичките новинарски текстови, како и на темите и областите на кои се однесуваат тие текстови.

Инатаму се намалува и онака ниската конкуренција на локалните тендери. На мониторираните тендери имало просечно по 2,4 понудувачи, а на 35% од тендерите имало една или ниту една понуда. За споредба, во претходниот период, просечниот број понудувачи изнесувал 2,8, а на 29% од тендерите имало по еден или ниту еден понудувач.

Проектот овозможува поактивно учество на граѓанските организации во подобрувањето на регулативата и примената на најдобри практики за намалување на корупцијата и за зголемување на ефективноста во јавните трошења. Исто така проектот е насочен кон унапредување на разбирањето меѓу засегнатите страни и граѓаните на потребата од поголема транспарентност, отчетност и интегритет во јавните трошења. Се очекува проектот да резултира со: воспоставена мрежа од граѓански организации кои го мониторираат спроведувањето на јавните набавки користејќи унифицирани алатки за...