News

Magazine archive
поседици врз животот на граѓаните MK 1080
зголемени буџетски трошоци МК 1080

За да ги покријат трошоците на кризата во 2022 година, владата и општините скратиле од граѓаните наместо порационално да ги трошат буџетските пари – откажани се витални проекти вредни 220 милиони евра

Истражување на последиците од кризата во 2022 во Буџетот на РСМ

Истражувањетa можете да го прочитате на македонски, албански и англиски јазик. За покривање на растечките расходи од енергетската криза во 2022 година, Владата жртвуваше низа капитални објекти во вредност од најмалку 170 милиони евра, како што се: реновирање здравствени установи, купување медицинска опрема, изградба на детски градинки и домови за стари лица, изградба на патишта, реконструкција на студентски домови, како и проекти за унапредување на животната средина. Кога кон овој износ ќе се додадат и...

Истражување на последиците од кризата во 2022 во буџетите на општините

Истражувањето можете да го прочитате на македонски, албански и англиски јазик. Бројни патишта и улици, булевари, тротоари, плоштади, комунална инфраструктура, градинки и училишта, гасификации на општините – останале нереализирани во 2022 година бидејќи локалните власти, со ребалансите на буџетите, ги скратиле овие проекти од своите планови за капитални инвестиции, за сметка на поголемите трошоци за енергија во екот на енергетската и економската криза. Не се реализирале целосно ниту проектите што успеале да ги „преживеат“ ребалансите,...

Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и врз граѓаните

На 27 септември и на 6 октомври во Скопје се одржаа јавни дебати на кои пред повеќе од 70 претставници на сите вклучени страни беа презентирани наодите и беа  дискутирани препораките од двете обемни истражувања за последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.

Дебата: Ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните

На денешната јавна дебата за „ефектите на финансиската и енергетската криза врз политиките и граѓаните“ беше објавено „Истражувањето на последиците од зголемените буџетски трошоци од кризата во 2022 година врз области кои влијаат врз животот на граѓаните.“

Мапирање на состојбата со објектите за спорт во општините

Националната стратегија за спречување на корупцијата и судирот на интереси 2021 – 2025, подготвена од Државната комисија за спречување на корупција и усвоена од Собранието на РСМ, го вбројува спортот како еден од секторите подложни на корупција.

Со 770 илјади евра против комарците

За борбата со комарците, општините годинава платиле 770 илјади евра. Тендери за справување со комарците имале 39 општини и еден плански регион со 9 општини. Ова значи дека вкупно 48 општини годинава презеле мерки за уништување на комарците.

Целта на проектот е да се зголемат ангажманот и соработката на граѓаните, граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор во борбата против корупцијата, што ќе доведе до подобрување на владината реакција и ефективност во справувањето со корупцијата во сите сектори на национално и локално ниво.

Редовно годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Преземете ги рангирањето и анализата овде.

Истражувања и бази на податоци на амбулантни и противпожарни возила и на пожарникари

Во земјава недостигаат 340 пожарникари, а противпожарните возила што ги користат се просечно стари по 27 години. Слично е и кај амбулантните возила кои ги имаме 263, просечно стари по 12 години.

Роковите за отпочнување на тендерските постапки наведени во плановите за јавни набавки речиси воопшто не се почитуваат. Дури 90 % од мониторираните постапки се спроведени со задоцнување, и тоа од 1 до 8 месеци.

За половина година, во постапки  за јавни набавки само со една понуда се склучени договори вредни 283 милиони евра

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) го објави Извештајот од редовниот мониторинг на јавните набавки спроведени од јануари до јуни 2023 година, како и Индексот на рационалност каде што се споредени цените по коишто различни институции набавувале сосема ист производ или услуга, во случајов услуги за заловување и стручен третман на кучињата скитници.

Продолжен рокот за Повикот за истражувачки стории за новинари од локални медиуми до 5.3.2023 год.

Центарот за граѓански комуникации објавува повик за истражувачки стории во рамките на проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со финансиска поддршка од Амбасадата на Кралството Холандија во Република Северна Македонија.

Општа цел на акцијата е поефикасно и порационално користење на буџетските средства од страна на Владата и општините со цел тие да одговараат на реалните потреби на граѓаните. Специфичната цел е намалување на негативните ефекти врз животот на граѓаните настанати како резултат на влијанието на финансиската и енергетската криза врз буџетските трошења на државата и на општините.

Извештај од истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција

Во земјава речиси не постојат т.н. зелени или одржливи набавки, иако поминаа повеќе од три години од примената на новиот Закон за јавните набавки (усогласен со последните директиви на ЕУ), којшто сугерира да се води сметка за влијанието на набавките врз животната средина.

360 СТЕПЕНИ | 28.12.2023 | Сторија за Итната медицинска помош во Скопје, Тетово и Битола ММС | 27.12.2023 | На Итната медицинска помош, итно ѝ требаат нови кадри: Бројот на тимови опаѓа, потребни се 52 нови СИТЕЛ | 25.12.2023 | На Брзата помош и треба итна помош КАНАЛ 5 | 25.12.2023 | На земјава ѝ недостигаат 52 тимови за Итна помош за да се исполни законскиот минимум КАНАЛ 5 | 25.12.2023 | Во земјава недостигаат...

Истражување за (не)примената на „зелените“ јавни набавки во земјава

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави Извештајот од истражувањето на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина за детектирање на ризиците од корупција и Документот со препораки за поттикнување на спроведувањето „зелени“ јавни набавки и спречување на корупцијата во процесот.

Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки во 8 општини од земјава

Мрежа од девет невладини организации предводена од Центарот за граѓански комуникации направи проценка на ризиците од корупција во јавните набавки во осум општини од земјава: Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип.

Дебата за зелени јавни набавки: Состојба, поттикнување на примената и намалување на ризиците од корупција

На денешната дебата за „зелените“ јавни набавки во земјава, Центарот за граѓански комуникации ги претстави иницијалните наоди од мониторингот на јавните набавки поврзани со заштитата на животната средина и од истражувањето на (не)примената на „зелените“ јавни набавки во земјата и влијанието на корупциските ризици во процесот.

На меѓународниот ден за борба против корупцијата, ние, граѓанските организации упатуваме порака дека главен приоритет за нашето општество се демократијата, владеењето на правото и борбата против корупцијата.

Платформата на граѓански организации за борба против корупцијата, чија членка е и Центарот за граѓански комуникации, го објави првиот Антикорупциски месечник за ноември 2022 година

Извештаи во сенка за работата на секторските работни групи за 2021 година

Подготовката на Извештаите во сенка за следење на работата и ефектите од секторските работни групи за 2019, 2020 и 2021 година се спроведе под хипотезата дека секторските работни групи се значајни тела одговорни за креирање и мониторинг на секторските политики во Република Северна Македонија, како и форум за донаторската координација во поддршка на имплементација на политиките. Извештај во сенка од следењето на работата и ефектите на Секторската работна група за управување со јавните финансии за...

Детектирање на ризиците од корупција во јавните набавки поврзани со заштита на животната средина

Претставници на граѓански организации од областа на заштитата на животната средина и борбата против корупцијата разменуваа идеи и сознанија за детектирање на ризиците од корупција во јавните набавки поврзани со заштита на животната средина, како и за поцелосно опфаќање на состојбата со одржливите јавни набавки во земјава.

Јакнење на способноста на општините и локалните јавни претпријатија за спречување на корупцијата

Повеќе од 170 претставници на општините и локалните јавни претпријатија од Битола, Кичево, Куманово, Неготино, Струмица, Тетово, Чаир и Штип учествуваа во низата од 8 обуки одржани од мај до октомври оваа година, а кои треба да им помогнат на општинската администрација и на вработените во локалните јавни претпријатија за воведување систем за интегритет, за зголемување на транспарентноста, како и проценка на ризиците од корупција во јавните набавки и нивно намалување. Обуките се дел од проектот „Заштита од корупција“ што се спроведува со поддршка на Амбасадата на Кралството Холандија.

Стандардите врз основа на коишто е направена оценката на транспарентноста и на отчетноста на претпријатијата во државна сопственост се утврдени преку анализа на релевантната законска регулатива и на меѓународните стандарди. Оттука, доминантен дел од избраните стандарди се законски обврзувачки за претпријатијата, а помал дел се стандарди што се сметаат за добра практика.

Истражувањето спроведено во текот на јуни 2022 година покажа дека 30-те најголеми претпријатија во 2022 година објавиле само 48 % од информациите и од документите што треба да ги објават на своите веб-страници.

Документ за јавни политики: Јавни набавки и користење конкурентни процедури во услови на криза

Овој документ за јавни политики има за цел да ги сумира искуствата и да предложи можни решенија за подобрување на регулативата и на практиките на јавните набавки за време на кризни ситуации.

Индекс на активна транспарентност 2022 година Денес, 18 август 2022 година, Центарот за граѓански комуникации го објави редовното годишно рангирање на институциите според Индексот на активна транспарентност, односно според проактивното објавување информации од јавен карактер, во кое се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини. Индексот ги покажува следниве клучни аспекти: – Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 % (од максимално можни 100 %). – Во однос на...

Просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2022 година изнесува 73 % (од максимално можни 100 %). Во однос на лани, активната транспарентност е подобрена за 10 процентни поени (од 63 % на 73 %).

Проектот има за цел да го поддржи процесот на воведување праведни политики за животна средина и одржлива зелена транзиција преку намалување на корупциските влијанија врз зелените јавни набавки.

Втор полугодишен извештај од мониторингот на јавните набавки за заштита од КОВИД-19 во 2021 година

Од почетокот на пандемијата во март 2020 година до крајот на 2021 година, во земјата се спровел 581 тендер за КОВИД-19, во вкупна вредност од 33 милиони евра. Најмногу пари за КОВИД-19 потрошиле министерствата за здравство и за внатрешни работи, а од короната најмногу се офајдиле фирмите „Д-р Пановски“, „Технички гасови“ и „Биотек“.

БАЗА на сите јавни набавки за КОВИД-19 во земјата (2020 – 2021)

БАЗА на набавки за КОВИД-19 (2020 – 2021) Од почетокот на пандемијата во март 2020 година до крајот на 2021 година, во земјата се спровел 581 тендер за КОВИД-19, во вкупна вредност од 33 милиони евра. Најмногу пари за КОВИД-19 потрошиле министерствата за здравство и за внатрешни работи, а од короната најмногу се офајдиле фирмите „Д-р Пановски“, „Технички гасови“ и „Биотек“. Повеќе од 2 милијарди денари, или 33,2 милиони евра, ја чинеа земјава јавните набавки...

Во двете кризни години, државните институции купиле 142 нови возила за кои платиле 3,6 милиони евра

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на набавените нови патнички возила од државните институции во текот на кризниот период од март 2020 година наваму.

Генерален заклучок од мониторингот е дека и во 2021 година јавните набавки поврзани со КОВИД-19 изобилуваат со проблеми и со ризици од корупција, иако зад институциите е цела една кризна година на искуство, каква што беше 2020.

Постојат големи разлики помеѓу 28-те ковид-центри кои беа предмет на анализата во периодот од 1 октомври 2020 до 31 март 2021 година, како во однос на бројот на ангажираниот медицински персонал, потрошените лекови за третман на хоспитализираните пациенти, дадената кислородна поддршка, потрошените маски така и во однос на бројот на просечни денови на хоспитализација и стапката на смртност на пациенти.

Спречување на корупцијата во јавните набавки: Што можат да сторат договорните органи? Овој документ за јавни политики се фокусира врз справувањето со корупцијата и со судирот на интереси во јавните набавки на институционално ниво, односно што и како може и треба да се прави во таа насока.  

Тендери за зимско одржување на улици и патишта имале 36 општини и Градот Скопје, 6 локални јавни претпријатија, државното јавно претпријатие за одржување и заштита на магистралните и регионалните патишта – Скопје, АД Електрани и Министерството за внатрешни работи.

МРТ | 22.12.2022 | Во земјава речиси да не се спроведуваат „зелени“ јавни набавки МРТ | 22.12.2022 | ЦГК: Во земјава речиси да не се спроведуваат „зелени“ набавки КАНАЛ 5 | 22.12.2022 | Извештај на ЦГК: Владата и институциите не спроведуваат речиси никакви „зелени“ набавки КАНАЛ 5 | 22.12.2022 | ЦГК: Во земјава речиси да не се спроведуваат „зелени” набавки МИА | 22.12.2022 | ЦГК: Во земјава речиси да не се спроведуваат „зелени“ набавки СЛОБОДЕН...

Трошоци за новогодишни пакетчиња за 2022 година

За разлика од украсувањето на улиците кое главно беше откажано, продолжи практиката на институциите за купување новогодишни пакетчиња. За оваа намена се потрошени 72.000 евра, иако се очекува сумата да достигне и поголема вредност имајќи предвид дека некои институции сѐ уште ги немаат објавено договорите и вредноста на потрошените пари за оваа намена. Тендери за купување пакетчиња за новата 2022 година имале 20 институции, додека други 37 институции купиле пакетчиња без примена на Законот за јавните набавки бидејќи вредноста на набавките била помала од илјада евра – колку што изнесува вредносниот праг под кој што не важи Законот за јавните набавки. Целото истражување прочитатјте го на следниот линк.

Проектот вклучува активности за намалување на корупцијата и злоупотребата на јавните средства на локалните самоуправи преку зголемување на транспарентноста, отчетноста и интегритетот на локалните институции и спроведување на мерките предвидени во Националната стратегија за превенција на корупцијата и судир на интереси 2021-2025. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Кралството на Холандија.

Толку честата примена на електронската аукција во тендерите може да значи дека учесниците во јавните набавки не ги напуштаат веќе разработените механизми за манипулации и корупција.

Извештај во сенка за јавните набавки во Северна Македонија 2021 година

Редовен годишен извештај во сенка за состојбите во јавните набавки во Северна Македонија кој дава осврт на позначајните аспекти и пробеми при спроведувањето на набавките, како и препораки за унапредување.

Лоцирани се ризиците од корупција во сите фази од јавните набавки, за што длабински беа анализирани 167 тендери и беа вкрстени податоци од вкупно 3.342 договори за јавни набавки. Документот е достапен и на албански јазик.

Плановите за интегритет на јавните набавки можат да бидат ефикасен механизам за превенирање на корупцијата. За таа цел, прво ќе ги претставиме дефинициите за клучни поими, коишто ќе му помогнат на читателот на прирачникот да ги разбере и да може да ги примени презентираните информации и знаења при изработката и/или спроведувањето на плановите за интегритет на јавните набавки. (DORACAK prokurimeve për plane për integritet të publike)

Проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ којшто  ЦГК го реализираше во изминатите две години, 1 октомври 2019 - 30 септември 2021 година, со финансиска помош од Амбасадата на Kралството Холандија во Скопје, ги опфати следните активности и резултати: - Лоцирани се ризиците од корупција во сите фази од јавните набавки, за што длабински  беа анализирани 167 тендери и беа вкрстени податоци од вкупно 3.342 договори за јавни набавки, спроведени од 37 претпријатија основани од Владата, од Градот Скопје и од општините Гостивар, Кавадарци и Струга. - За секое од овие претпријатија беше направен индивидуален скрининг за начинот на којшто ги спроведува јавните набавки. - Беа изработени „индикатори за мерење на ризиците од корупција“ и „предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки“, кои беа предмет на дискусија со 130 претставници на претпријатијата и нивните основачи. - Дел од дадените предлози Владата ги вклучи во Планот за борба против корупцијата – Акција 21. Станува збор за воведување процедури за спроведување јавни набавки, донесување планови за интегритет или програми за антикорупција, преземање мерки за стимулирање на конкуренцијата, зголемување на отчетноста во однос на јавните набавки итн. - Следеше едукативна програма за зајакнување на вештините за спроведување на тендерите, во која беа вклучени 46 лица кои спроведуваат јавни набавки во вклучените претпријатија и општините. - Дополнително, 30 лица беа обучени за изработка на планови за интегритет во јавните набавки, а дел од претпријатијата искористија менторска помош за изработка на своите планови за интегритет. - Преку обработка на податоци од вкупно 5.018 договори за јавни набавки на вклучените претпријатија во...

Целта на оваа анализа е да ги мапира ризиците од корупција во јавните набавки низ сите фази во кои тие се спроведуваат, односно низ планирањето на набавките, спроведувањето на постапките за јавни набавки и реализацијата на склучените договори.

Проектот вклучува мапирање на клучните ризици од корупција во јавните набавки поврзани со КОВИД-19 преку длабинско следење на тендерите и водење дијалог за јавни политики, насочен кон подобрување на процесот на набавки и стеснување на просторот за корупција. За таа цел ќе се изготват два полугодишни извештаи од мониторингот (за јануари-јуни 2021 година и јули-декември 2021 година) и извештај со преглед за сите набавки поврзани со КОВИД-19 за 2020-2021 година, заедно со отворена база на податоци, а дијалогот за јавна политика ќе опфати најмалку 50 институции и ќе резултира со документ за политика и медиумско присуство за подобрување.

Проектот го засилува интегритетот и ги намалува ризиците од корупција во јавните набавки во претпријатијата основани од државата и од локалната самоуправа преку идентификување на слабостите и и спроведување мерки за нивно надминување. Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Кралството на Холандија.

30 претставници на акционерски друштва и јавни претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга, како и претставници на овие општини ги совладаа основите и елементите за изработка на планови за интегритет во јавните набавки, на трите работилници спроведени на почетокот од септември.

Активноста Јавно трошење за јавно добро се спроведуваше во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество кој поддржува активности за промовирање на транспарентност и објавување на податоци од страна на државните институции со цел унапредување на добрите практики на управување. Барањето за транспарентност на сите нивоа на управување е оправдано со правото на граѓаните на информации и слободата на информации.

Јавно трошење за јавно добро: Обуки за граѓански организации за следење на јавните набавки

Повеќе од 30 претставници на граѓански организации од целата земја ги завршија обуките за следење на јавните набавки на државните институции, организирани во Скопје во текот на јуни, во рамките на Проектот на УСАИД за граѓанско учество. Претставниците на граѓанските организации се стекнаа со практични знаења и вештини за следење на постапките за јавни набавки и се запознаа со можностите и начините за следење на јавните трошења во средините и во областите на нивното делување.

Кон отчетни јавни претпријатија: Обуки за јакнење на капацитетите за спроведување на јавните набавки

46 претставници на акционерски друштва и јавни претпријатија основани од Владата, Градот Скопје и општините Гостивар, Кавадарци и Струга, како и претставници на општините, беа дел од трите дводневни обуки спроведени во јуни за јакнење на капацитетите за превенирање на корупцијата во јавните набавки. Обуките беа спроведени во рамките на проектот „Кон отчетни јавни претпријатија“ поддржан од Кралството Холандија. Процесот на градење на капацитетите на државните претпријатија произлегува од претходно спроведеното мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки и ќе продолжи и во следниот период со поддршка во изработка на планови за интегритет во јавните набавки.

За првпат во шест години, проактивното објавување јавни информации од институциите, односно нивната активна транспарентност, според градацијата на нивоата, се искачи од ’просечна‘ во ’добра‘.

Предлозите се изготвени по длабинското истражување на ризиците од корупција, систематизирани во истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на  претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“

Во последните десет години (од 2010 до 2019 година) Државниот завод за ревизија (ДЗР) извршил вкупно 699 ревизии. Најмногу во 2014 година, дури 98, а најмалку во 2012 година, 50 ревизии. Базата на податоци на сите извршени ревизии од страна на Државниот завод за ревизија од 2010 до 2019 година е изработена во отворен формат

Институциите не практикуваат консултации со бизнис-секторот во насока на подобрување на тендерските документации, а со тоа и на самиот процес на јавните набавки. Во првото полугодие од 2020 година, објавени се повици за технички дијалог само за 1,4 % од тендерите.

Анализа на одлуките на Државната комисија за спречување на корупцијата по постапувањето по предметите во врска со јавни набавки во втората половина од 2020 година Предмет на анализата се одлуките кои Државната комисија за спречување на корупцијата ги донела по постапувањето во согласност со своите надлежности по предметите во врска со јавните набавки во втората половина од 2020 година. Јавните набавки се посочени како една од приоритетните хоризонтални области во борбата против корупцијата и судирот...

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на пресметан и наплатен данок на имот за сите општини за 2017, 2018 и 2019 година.

Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на трошоците за новогодишно украсување на општините низ земјава и купените новогодишни пакетчиња за децата.

Истражување на износите на паушалите на општинските советници

Најголеми годишни трошоци за советниците од 214 илјади евра има Градот Скопје. Следува Куманово со околу 115 илјади евра, а на следните три позиции се Тетово, Битола и Гостивар со годишни трошоци од околу 104 илјади евра.

Општинските советници чинат 3,5 милиони евра годишно Денес, 13 јануари 2021 година, Центарот за граѓански комуникации (ЦГК) ги објави истражувањето и базата на податоци на месечните паушали што им се исплаќаат на општинските советници и претседателите на советите на општините. Вкупната годишна сума што им се исплатува на 1319-те советници и претседатели на совети изнесува повеќе од 215 милиони денари или нешто над 3,5 милиони евра. Висината на месечниот надомест зависи од бројот на жители во општината и е определен како процент од просечната плата во земјава. Претседателите добиваат 30 % повисок паушал од советниците. Услов за да се исплати паушалот е во месецот да биде одржана барем една седница. Најголем месечен паушал од една просечна плата од 24 илјади денари добиваат советниците на Град Скопје, но тие одржуваат и најмногу седници во текот на месецот. Од другите општини, највисоко платени се советниците во Кичево кои земаат 19 илјади денари месечно, а најмалку платени се советниците во Вевчани кои земаат малку помалку од 5 илјади денари месечно. Само 12 општини исплатуваат понизок месечен надомест од законскиот максимум, а 15 општини одат дури и над тој лимит. Најмногу седници годишно одржува Град Скопје, лани дури 27, а најмалку 6 одржале во Центар Жупа. Просечно, општинските совети одржувале по 15 седници годишно.

СИТЕЛ | 27.12.2021 | ЦГК: Државните пари се трошеле без тендери и преку сомнителни електронски аукции ТЕЛМА | 27.12.2021 | Секој 4- ти тендер без конкуренција – ЕСМ набавувала за 4 милиони евра без оглас ТЕЛМА | 27.12.2021 | Јавните набавки во земјава покажува низа слабости КАНАЛ 5 | 27.12.2021 | ЦГК: Мониторингот на јавните набавки во земјава покажува низа слабости АЛФА | 27.12.2021 | Последен извештај на ЦГК: Слабости и корупција во македонските јавни...

Стандардите врз основа на кои е направена оценката на транспарентноста и отчетноста на претпријатијата во државна сопственост се утврдени преку анализа на релевантната законска регулатива и на меѓународните стандарди.

Веднаш штом изби корона-кризата, државните институции во Северна Македонија почнаа да набавуваат средства за заштита според постапката со преговарање, без објавување оглас, односно со директно договарање со фирмите, поради „крајна итност“.