ПочетнаКатегорија

Документи за политики

Препораки за намалување на корупцијата во јавните набавки во здравствениот сектор

Јавното здравство во земјава се соочува постојан и растечки јаз меѓу потрошените средства и испорачаните резултати. Во текот на изминатите десет години, трошоците во здравството преку јавните набавки значително пораснаа, но обемот на услугите, ефикасноста и отчетноста стагнираат или се намалуваат. Трите анализи што Центарот за граѓански комуникации ги изработи во текот на 2025 и 2026 година даваат детален и сеопфатен преглед за овие предизвици и откриваат низа слабости, ризици од корупција и евентуални злоупотреби...

Годишен извештај за компаративна проценка на состојбата во јавните набавки во земјите од Западен Балкан

Ова е седми последователен извештај за евалуација на состојбите во јавните набавки и корупциски ризици откриени во секоја фаза од јавните набавки за целиот Западен Балкан земји развиени од Balkan Tender Watch Coalition и врз основа на нејзината единствена методологија - алатката за бенчмаркинг.

Извештаи во сенка за работата на секторските работни групи за 2021 година

Секторските работни групи претставуваат формален механизам за консултација и соработка меѓу институциите на извршната власт (министерствата), граѓанските организации, донаторската заедница, како и другите заинтересирани страни.

Документ за јавни политики: Јавни набавки и користење конкурентни процедури во услови на криза

Овој документ за јавни политики има за цел да ги сумира искуствата и да предложи можни решенија за подобрување на регулативата и на практиките на јавните набавки за време на кризни ситуации.

Извештај во сенка за јавните набавки во Северна Македонија 2021 година

Редовен годишен извештај во сенка за состојбите во јавните набавки во Северна Македонија кој дава осврт на позначајните аспекти и пробеми при спроведувањето на набавките, како и препораки за унапредување.

Предлози за намалување на корупцијата во јавните набавки и за унапредување на начинот на нивно спроведување

Предлозите се изготвени по длабинското истражување на ризиците од корупција, систематизирани во истражувањето „Мапирање на ризиците од корупција во јавните набавки на претпријатијата во сопственост на Владата и на општините“

Јавните набавки за време на корона во Северна Македонија: Како беше и што може да се прави во иднина?

Oд почетокот на март до крајот на октомври 2020 година, склучени се вкупно 523 договори преку постапката со преговарање без објавување оглас, во вредност од 500 милиони денари или 8,1 милиони евра.

Документ за јавни политики за честото поништување на тендерите

Честото поништување на тендерите е еден од најголемите и најдолготрајните проблеми во системот на јавни набавки во земјава. Фактот дека се поништува секој четврти тендер ја става земјата на светскиот врв по уште еден, неславен, феномен во јавните набавки.

Бриф за јавни политики за користење на бази на податоци во борбата против корупцијата

Како што дигиталната технологија во светот се развива и станува нераскинлив дел од животот и работењето, така големите бази на податоци со коишто располагаат земјите (особено јавната администрација) стануваат клучно јавно добро за зајакнување на антикорупциските напори. Од една страна станува збор за проактивно објавување во отворен формат на навремени, точни и квалитетни податоци, а од друга страна тоа значи користење, обработка и анализа на тие податоци во насока на зголемување на интегритетот и отчетноста...

Отсуството на надзор како генератор на корупцијата во државните претпријатија

Целта на овој документ е да направи проценка дали и во кој обем јавноста и надлежните институции ја следат работата на државните претпријатија во земјата. Притоа, фокусот ќе биде ставен на два значајни аспекти од надзорот.

Документ за јавни политики: Планирањето на јавните набавки во Македонија – Помеѓу потребите и реалноста

Честата промена на плановите треба да биде еден од индикаторите за управна контрола од страна на Бирото за јавни набавки, предвидена со новиот Закон за јавни набавки.

Документ за јавни политики: (Не)функционирањето на системот за спречување на корупцијата во јавните набавки во Македонија

Низ годините стана повеќе од индикативна свесната намера за отсуство на контрола за време на спроведувањето на постапките за јавни набавки. Има безброј примери на злоупотреби на Законот за јавните набавки, од помали до најголеми. Од друга страна, има сосем малку примери за соодветно санкционирање на прекршителите.

Предлози за подобрување на правната и на институционалната рамка, како и на практиката на спроведувањето на јавните набавки во Македонија

Значењето на јавните набавки е особено изразено во малите земји, како што е Македонија, бидејќи во овие земји тие се значаен дел од потенцијалите за водење бизнис. Оттука е важно набавките на државата да бидат фер, транспарентни и предвидливи.

Бриф за јавни политики: Подобрување на спроведувањето на јавните набавки во Македонија

Јавните набавки во Македонија со години претставуваат една од најзначајните економски активности, низ која државните институции купуваат стоки, услуги и работи во вредност што достигнува речиси една милијарда евра (2014 год.), односно 12 проценти од бруто домашниот производ на земјата.

Бриф за јавни политики за подобрување на правната заштита во јавните набавки

Правната заштита во јавните набавки треба да им овозможи на оштетените понудувачи брзо, ефикасно, транспарентно и недискриминаторско преиспитување на постапката и соодветни правни лекови.

Препораки за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки

Пред вас е второто, изменето издание на Препораките за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки кои за првпат беа објавени пред две години, во февруари 2013 година.

Препораки за договорни органи за олеснување на пристапот на микропретпријатијата до јавните набавки

Искуството од следењето на спроведувањето на јавните набавки во Република Македонија покажува недоволно учество во јавните набавки, особено според вредноста на добиените тендери, на малите претпријатија и на микропретпријатијата.

Бриф за јавни политики: Предлози за измени на Законот за слободен пристап до информациите од јавен карактер и за подобрување на неговата примена од страна на новинарите

Правото на пристап до информации се темели врз принципот дека претставниците на јавните институции се избрани од страна на граѓаните и се финансираат со пари од даночните обврзници, така што јавноста има право да знае како се употребува таа моќ и како се трошат нивните пари.

Препораки за унапредување на транспарентното и отчетното локално владеење

Учеството во донесувањето одлуки во општините е едно од основните права на граѓаните бидејќи тие одлуки во значајна мера ги определуваат условите во кои се одвиваат живеењето и работењето на луѓето и фирмите на локално ниво.

Препораки за унапредување и зајакнување на улогата на медиумите во борбата против корупцијата

Медиумите имаат суштинска улога во борбата против корупцијата. Тие се најголемиот сојузник на општеството во борбата за транспарентност при носењето и при откривањето на вистинските причини кои стојат зад политичките одлуки и случувања.

Предлози на ЦГК за измени и дополнувања на Законот за јавните набавки

Годишно, државните институции трошат повеќе од 45 милијарди денари или скоро 750 милиони евра за набавка на стоки, услуги и работи кои ги обезбедуваат преку постапките за јавни набавки, што е дури 35% од вкупниот буџет на земјата.

Мерки за стеснување на просторот за корупција во јавните набавки

Да се воведе задолжителен, независен мониторинг врз јавните набавки од голема вредност, набавките во кои исти понудувачи последователно се избираат за најповолни, кога се нуди нереално ниска цена во однос на пазарната или проценетата и кога постои сомневање за меѓусебно спогодување на понудувачите.